11.7 C
Pehčevo

    Со велосипедско дефиле во Пехчево се одбележа меѓународниот ден без автомобили

    Датум:

    велосипед

    Меѓународниот ден без автомобили 22 септември во Пехчево се одбележа со велосипедско дефиле со што Општина Пехчево  по четврти пат се вклучува во кампањата за одбележување на Европската недела на мобилност.

    Вчера булеварот во Пехчево беше затворен за сообраќај  за моторни возила во времетраење од 30 минути и овде продефилираа триесетина ученици од ООУ „Ванчо Китанов“ и возрасни граѓани на Пехчево со цел да придонесат во промената на сликата на нивниот град и да испратат порака дека автомобилите можат да се заменат со велосипеди, барем еден ден во годината.

    Живко Каликов од Општина Пехчево истакна дека  Општина Пехчево со самото вклучување во оваа акција посебно го одбележува овој ден.

    – Настанот има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за влијанието на транспортот врз квалитетот на воздухот и да ги охрабри да го подобрат здравјето со промена на еден ден во ден на мобилно однесување. Европската недела на мобилност е кампања која промовира визијата на градските улици на кои не доминираат моторните возила. Тоа е недела на велосипедистите, пешаците, возачите на ролери, тротинети, скејт-борди, корисниците на инвалидски колички, на сите учесници во сообраќајот кои не ја загадуваат животната средина, не прават бучава, не го заземаат животниот простор на своите сограѓани, рече Каликов.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 34-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА за Урбанистички проект вон опфат

    Бр.11-1510/4 Од  27.02.2025                                                                       Врз основа на член 62 став...

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....