4.3 C
Pehčevo

    Прес-конференција на градоначалникот Поповски – Инфраструктурни проекти во 2015 година

    Датум:

    Почитувани сограѓани,

    Капиталните инвестиции во инфраструктурата се наша трајна определба во насока на подобрување на условите за живеење, квалитетот на животниот стандард на жителите во сите населени места во општина Пехчево.
    Инвестирањето во патната инфраструктура беше и ќе биде еден од нашите приоритети и во оваа 2015 година.
    Дел од неколкуте завршени проекти во патната инфраструктура се изградбата на градскиот плоштад во Пехчево, доизградба и реконструкција на патот во туристичката населба Равна река, изградбата и рехабилитацијата на локалниот пат кон селото Робово и кон село Негрево, изградивме улици во селата, Чифлик Негрево,Умлена, две улици во Панчарево и с.Робово, а извршивме и реконструкција на пешачките патеки и мостови на туристичката населба Равна река.
    Општина Пехчево ќе ја подобрува патната инфраструктура и во 2015 година. По повик од Министерството за финансии Општина Пехчево аплицираше за грант од Светска банка во врадност од 260 000 евра за околу 4 км улици во градот нивна темелна реконструкција и рехабилитација.
    Преку распишан тендер пак за 3 000 квадрати бехатон плочки Општина Пехчево ќе уредува и пешачки патеки и пристапни улици како во градот така и во селските средини. Овие средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Општината.
    Со овие два проекти Општина Пехчево ќе добие и подобра инфраструктура и помодерен лик на градот со убаво уредени пешачки патеки и улици.
    Инвестирањето во патната инфраструктура е од огромно значење за иднината на една локална самоуправа.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...