18.1 C
Pehčevo

    Покана за прв јавен собир за изготвување на локалната стратегија за климатски промени во општина Пехчево

    Датум:

    Грб општина

    Почитувани граѓани на општина Пехчево

     

    Секојдневно сме сведоци на голем број негативни последици од климатските промени, како што се прекумерни суши, поплави, пожари, ерозии кои се повеќе се чувствуваат и кај нас. Справувањето со климатските промени и навремено дејствување е од голема важност.

    Општина Пехчево имаше чест да биде избрана во првите четири општини во Македонија каде ќе се спроведува проектот Општински стратегии за климатски промени, кој е финансиран од УСАИД, а го спроведува Милиеуконтакт Македонија. Во општина Пехчево проектот се спроведува во партнерство на Центарот за лековити билки и шумски плодови Амброзија и општина Пехчево.

    За таа цел во четврток, на 13.06.2013 година со почеток во 18 часот во просториите на ресторан Тропик ќе имате можност да се запознаете со проектот Општински стратегии за климатски промени и како тој може да придонесе за нашата општина.

    Целта на овој проект е утврдување на вредностите на нашата општина и нивна заштита преку предложени мерки за справување со климатските промени. Кои се вредности на општина Пехчево и како да ги заштитиме истите најубаво знаеме ние, граѓаните на општина Пехчево, па затоа Ве покануваме да дојдете на овој собир и да го дадете својот придонес бидејќи со заштита на нашите вредности се штитиме и самите себеси и нашата животна средина.

    На настанот свое обраќање ќе имаат Игор Славковски – Директор на Милиеуконтакт Македонија, градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски како и голем број други експерти и соработници.

    Општина Пехчево има вредности кои заслужуваат да бидат заштитени, а дали и колку ќе бидат заштитени зависи од нас и нашиот активен придонес.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...