-2 C
Pehčevo

    По повод Св.Трифун и Св.Валентин во библиотеката ,, Кочо Рацин “ се одржа поетско читање

    Датум:

    Во просториите на библиотеката „Кочо Рацин“-Пехчево се одржа поетско читање во чест  на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

    Поетско читање1

    „Поводот што денеска сме собрани овде во просториите на библиотеката во ова февруарско попладне е во чест на двата празника Св.Трифун и Св.Валентин. Затоа ви посакувам добредојдовте во ова наше мало, скромно, но сепак пријатно и топло литературно катче за читање, дружење и релаксирање. Зошто навистина ќе биде така, после поетското читање ќе следуваат моменти на дружење и забава.“- истакна водителката и поетеса Габриела Костадинова. Таа  на присутните гости им објасни кое е значењето на празнувањето на Св.Трифун и Св.Валентин и како се празнува денот на вљубените во Македонија и во др. земји како што се Јужна Кореја, Јапонија и Кина.

    Поетско читање2

    Директорката на библиотеката Јасмина Цековска проф. по македонски јазик Јулија Велковска и Елица Јовевска соработник за локален економски развој, читаа дел од поеската збирка на љубовни песни „Антологија на болката“ од познатиот поет Кочо Рацин. „Рацин не пишува само патриотски, родољубиви и социјални песни. Тој во своето поетско творештво создал една збирка на песни наречена„Антологија на болката“ како резултат на неговата голема љубов кон Рахилка. И поради таа несреќна и невозвратена љубов тој ги создава љубовните стихови посветени на Раца“ – истакна г-ѓа Костадинова.

    Поетско читање

    После поетското читање следуваа моменти на забава и дружење. Низ една необична, интересна и шеговита игра водителката Габриела ги прошета гостите низ лавиринтот на животот и низ светот на фантазијата и имагинацијата, за на крајот да ги врати во стварноста и со мала доза на емоции заедно со директорката Јасмина да им подарат по едно црвено плишено срце во знакот на љубовта и виното. Уште двајца од присутните гости добија подарок за најдобра рецитација и за најбрз одговор на гатанката што беше поставена од страна на Габриела а се во знакот на љубовта. На крајот забавата заврши со мал, скромен коктел што го приредија вработените во библиотеката „Кочо Рацин“

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...