-2.6 C
Pehčevo

    Пехчево и оваа година дел од Европската недела на имунизација

    Датум:

    Годинава под мотото „Заштити го светот вакцинирај се“ од 22 до 27 април по трети пат во општина Пехчево се одржува Европската недела на имунизација.

    Годинава под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“ од 24 до 30 април 2016 г. по трети пат во општина Пехчево се одржува Европската недела на имунизација. Покрај информирање на населението за потребата од вакцинација, посебен акцен оваа недела се става на пропуштени, невакцинирани деца, а се врши и теренска вакцинација и откривање на невакцинирани или неевидентирани деца.

    Годинава под мотото „Заштити го светот вакцинирај се“ од 22 до 27 април по трети пат во општина Пехчево се одржува Европската недела на имунизација.

    Традиционално општина Пехчево во соработка со ЈЗУ Здравствениот дом – Пехчево и НВО ,, КХ АМ “ – Делчево, по повод недела на имунизација, организираше посета на семејствата на деца родени во периодот од април 2015 до април 2016 година. Посетени беа 16 семејства, од кои осум се од ромска националност.

    Годинава под мотото „Заштити го светот вакцинирај се“ од 22 до 27 април по трети пат во општина Пехчево се одржува Европската недела на имунизација.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски донираше осум хигиенски пакети за новородените дечиња во периодот април 2015 до април 2016г. и тоа пет во Пехчево, еден во село Робово, еден пакет во село Чифлик и еден во Црник. Невладината организација ,,КХ АМ “ донираше на ромските семејства во село Црник осум пакети со хигиенски производи.

    -Главна поента на информативната кампања во рамки на Европската недела на имунизација од 24-ти до 30 април под мото „Заштити, спречи, вакцинирај“ е дека вакцините се да елиминираат или редуцирааат на минимум многу заразни болести, а исто така дека вакцините спречуваат смртен исход и инвалидност. Додека главната цел е да се подигне свеста на родителите зошто е потребно да се вакцинираат нивните деца, особено кога се јавуваат антивакцинални кампањи, што може да го загрозат животот на најмладите и да вратат епидемии кои веќе се искоренети, вели градоначалникот Поповски.

    Годинава под мотото „Заштити го светот вакцинирај се“ од 22 до 27 април по трети пат во општина Пехчево се одржува Европската недела на имунизација.

    При посетата на семејствата патронажната сестра од ЈЗУ Здравен дом – Пехчево, Ружа Вазлиска истакна дека со вакцинацијата не ги штитиме само нашите деца од заразните заболувања, туку придонесуваме и за зголемување на колективниот имунитет и стабилен епидемиолошки статус.

    Оваа активност ќе продолжи и во иднина се со цел да се зголеми информираноста на семејствата за имунизација на нивните деца како и за правата на пациентите за заштита на нивното здравје.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...