Се подготвуваат трубачите, скараџиите, но и гостите за да присуствуваат на долгите жешки ноќи во Пехчево и Фестивалот на трубите. Но, подготвено е и Пехчево да пречека 50 илјади гости во 4-те фестивалски вечери на 5-то јубилејно издание на Фестивалот.
„Ќе настапат многу гости, меѓу кои Виторија Лоба и Миле Кузмановски“, изјава Елица Јовевска, директор на Фетсивалот.
Фестивалот за Пехчево е одлична можност за туристичка промоција, но и бенефит за локалната економија.
„Ги поканувам сите жители од Регионот и пошироко да дојдат на фестивалот“, истакна Игор Поповски, градоначланик на Пехчево.
Во натпреварувачкиот дел се уште трае пријавувањето на оркестрите кои ќе се борат за престижната златна труба и директен настап на балканскиот фестивал Гуча.
„Успеавме за сите овие години да им наметнеме на откестрите да ја почитуваат македонската музика“ , изјава м-р Васил Ристов, член на жири-комисијата.
Сепак, и оваа година фестивалот се потпира само на финансиски извори на Општина Пехчево и на спонзори. Минситерството за култура нема слух за дувачките оркестри.
Македонските дувачки оркестри по традиција ги собираат наградите на светскиот фетсивал во Гуча што само го потврдува квалитетот на пехчевскиот фестивал, единствен од ваков вид во Македонија.
Фестивалот започнува со традиционалното дефиле на учесниците и мажоретките вечерта на 10 јули, а завршува на Павловден со етносаемот и со прогласувањето на победниците.
Датум: