4.6 C
Pehčevo

    Патеката на Петко ќе ги учи децата за биолошката разновидност во Пехчево

    Датум:

    Патеката на Петко

    Патеката на Петко ќе ги учи децата за биолошката разновидност на Пехчево. Станува збор за патека долга 4 километри, која е поврзува две важни места во општината :
    „Со информативни и едукативни табли и уредување на целата патека, го поврзува едукативен центар во село Негрево со местото викано Јудови ливади“ , вели Елица Јовевска, општина Пехчево.
    Целта на патеката е знаењето стекнато во училница да се надополнува со практично знаење во природа. Првите 30 ученици, го поминаа првиот час на отворено :

    Патеката на Петко
    „Ги погледнаа сите едукативни табли и научија нешто повеќе за она што го има во нашата природа, за животните и за растенијата“ , изјави Елица Јовевска, општина Пехчево.

    Патеката на Петко
    Едукативната патека е дел од проект кој го спроведува Здружението ОХО и е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија.
    Сите активности финансиски се поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...