11.5 C
Pehčevo

    Општината им оддаде признание на најуспешните на МАКИНОВА и КАТЛАНОВО 2014

    Датум:

    Макинова 2014

    По повод најновиот успех на учениците од ООУ,, Ванчо Китанов “- Пехчево и Гимназијата „ Ацо Русковски ’’- Берово, остварен на деновиве одржаната саемска манифестација на изложба на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско креативно творештво МАКИНОВА 2014 и радио техника КАТЛАНОВО 2014, градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, денеска приреди прием за учениците заедно со нивните ментори, кои во оваа учебна година освоија вредни награди на разни домашни и меѓународни натпревари.
    Градоначалникот Поповски упати честитки и благодарност до наградените ученици и професорите што со нивниот успех истовремено се афирмира и Пехчево како град со висок потенцијал на млади надежни стручњаци пред кои веке сега се отвараат вратите на успешна професионална иднина во повеќе области.
    Приемот на градоначалникот им беше посветен на освојувачите на највисоките награди на годинешната МАКИНОВА 2014 и меѓународниот натпревар за радио техника КАТЛАНОВО 2014.

    Макинова 2014
    На изложбата на пронајдоци, технички унапредувања, нови производи и творештво за млади МАКИНОВА 2014, ученикот Андон Поповски од Пехчево освои сребрен медал од областа на географија, додека сребрениот медал од областа на хемија и припадна на Антонела Поповска.

    Макинова 2014
    На меѓународниот натпревар за радио техника КАТЛАНОВО 2014, со златен медал се закитија Андон Поповски ( 1 место ) машка категорија до 18 години и Антонела Поповска ( 1 место )женска категорија до 15 години, со сребрен медал се закити Ивона Петровска женска конкуренција до 15 години, додека пофалница и шесто место освои Наде Бакаловска.

    Макинова 2014
    Покрај личните импресии од настапите на натпреварите и остварените успеси на учениците, за нивните остварувања и мотивирањето во наставата зборуваа нивните професори-ментори: Стојан Стојменов и Сузана Гаштеовска, како и директорот на Народна техника Берово, Г-ѓа Бистра Поп-Ѓорѓиева и директорката на ООУ ,, Ванчо Китанов “ – Пехчево, Лилјана Секуловска.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...