-2.5 C
Pehčevo

    Оглас за ангажирање на Раководител на Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево

    Датум:

    Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (”Сл. весник на РМ” бр.167/15 и 27/16), член 50,став1, точка 14 од Законот за локална самоуправа (,,Сл. весник на РМ,,),Општина Пехчево објавува  

    О Г Л А С

    за ангажирање на Раководител на Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево – 1 извршител

    Општина Пехчево  има потреба од ангажирање на едно лице кое ќе биде задолжено за раководење со Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево.

    Покрај општите услови за вработување предвидени со Законот за работни односи (да е државјанин на Р.Македонија, да е полнолетен, да не му е изречена казна  – забрана за вршење на професија, должност или дејност) кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

    • завршено VII/1 степен на образование, односно сегашен VIA степен на високо образование со кој се стекнуваат 240 ЕКТС кредити од областа на природните науки;
    • солидно познавање на англиски јазик;
    • познавање на работа со компјутери;
    • поседување возачка дозвола (категорија Б);
    • искуство во раководење и имплементација на проекти;
    • одлични комуникациски вештини, прецизност, самоиницијативност, презентациски, организациски, координаторски вештини како и желба за тимска работа и постојано усовршување.

    Лицето ќе биде задолжено за планирање и реализација на активностите на Едукативниот центар. Исто така ова лице ќе врши одредени предавања, обуки и семинари, ќе биде водич на едукативните посети и ќе ги врши координациите помеѓу Едукативниот центар, корисниците на услугите на Едукативниот центар и сите останати релевантни фактори.

    ЕЦЗП е воспоставен во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, со цел да го поддржи едукативниот процес на сите нивоа од образованието во регионот и пошироко, овозможувајќи им на учениците и студентите на еден креативен начин да се запознаат со природните вредности во Брегалничкиот регион. Едукативниот центар ќе ја збогати содржината на еднодневните едукативни екскурзии на учениците кои се организираат во рамките на образовниот процес, а истовремено ќе придонесе и кон промоција на природното богатство од Регионот и начините на  неговото одржливо управување и користење преку посети организирани за различни целни групи.

    Огласот е отворен 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето, сметајќи го и денот на објавувањето.

    Работодавачот ќе изврши избор во рок од 21 работен ден по истекот на рокот за пријавување.

    Заинтересираните кандидати да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат условите наведени во огласот заедно со Мотивационо писмо за работа и CV.

    Заинтересираните  кандидати треба да ги достават бараните документи до Архивата на општина Пехчево,најдоцна до 16.02.2018 година.

    Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до Архивата на Општина Пехчево на адреса ул.“Равен“ бр.8 Пехчево, лице за контакт Светлана Стамболиска, тел. 075/467-501.

    Кандидатите кои ќе достават навремени и комплетни документи со кои докажуваат дека ги исполнуваат условите од Огласот ќе бидат селектирани и повикани на Интервју.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...