-2 C
Pehčevo

    Одржана првата форумска сесија од буџетскиот форум во Пехчево

    Датум:

    Во организација на локалната самоуправа, а со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и во соработка со Единицата за координација на форумите, во општина Пехчево, на 10 октомври 2016 година, се одржа првата форумска сесија од буџетскиот форум, кој е дел од програмата „Форуми во заедницата“.

    Прва форумска сесија

    Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите  на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2017 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.

    На форумската сесија присутните ги поздрави градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, кој истакна дека учеството на граѓаните во донесување на одлуките на локално ниво е од особено значење за транспарентното и отчетно работење на општинската администрација и за подобрување на услугите и потребите на граѓаните.

    Прва форумска сесија

    -Посакувам успешна работа на буџетскиот форум во општината, која пред неколку години успешно спроведе проектен форум од кој произлезе изградбата на градскиот плоштад и уредување на околниот простор. Очекуваме дека успешно ќе го спроведеме и форумскиот процес за партиципативно и транспарентно изготвување на буџетот за 2017 година, кој ќе биде креиран во консулстација со граѓаните. Форумот е извонреден начин граѓаните да се запознаат со општинскиот буџет и да дават свои предлози за приоритетните буџетски програми и проекти. Се разбира, сите нивни предлози нема да може да бидат прифатени, со оглед на ограничените средства, но добар дел од тие приоритети, поточно оние кои се издржани и реални, ќе влезат во општинскиот буџет за 2017 година, посочи Поповски.

    Советникот на Одделението за финансиски прашања, Анита Каракашовска, на присутните граѓани им го презентираше процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината, при што ги запозна со приходите и расходите кои се реализираат во една фискална година, изворите на приходи, нивната распределба, како и намената на буџетските трошоци. Истовремено на учесниците им беше даден и преглед на реализацијата на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за 2016 година.

    Прва форумска сесија

    Според правилата на форумскиот процес, учесниците на форумот одлучија да работат на 8 работни маси преку кои ќе ги презентираат своите предлози за приоритетни програми и проекти.

    Прва форумска сесија

    На првата форумска сесија граѓаните дадоа предлози за  приоритети за развој на општината за 2017 година, кои би можеле да влезат во општинскиот буџет, во  зависност од надлежностите на општината, расположивите средства и оправданоста на предлозите.

    Во наредните 4 форумски сесии учесниците ќе имаат можност да се запознаат со буџетските програми и да даваат свои предлози за нови проекти во општинскиот буџет и нивно позиционирање според приоритет.

    Следната форумска сесија, на која ќе се гласа за буџетските програми за кои ќе се дискутира на форумот, е закажана за 31 октомври.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...