Во согласност со акцискиот план за промоција и поддршка на велосипедизмот за зголемување на нивото на вклученост на учениците во системот на натпревари и спортски активности, во организација на Општина Пехчево, а во соработка со ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ и училишниот спортски клуб Ванчо Китанов, денес се одржа велосипедски натпревар на кој учествуваа над 20 ученици.
На натпреварот учествуваа учениците од VI до IX одделение во машка и женска конкуренција и учениците во дисперзираните паралелки Пехчево при ОСУ ,,Ацо Русковски,, – Берово од I (прва) до IV (четврта) година – машки.
На трката во машка конкуренција до 8 одделение прв на целта стигна Аспровски Мартин, втор кој на целта стигна е Стефановски Мартин, а третото место го освои Јордановски Богданчо.
На трката во женска конкуренција до 8 одделение победи Карафатска Кристина, додека втора беше Пандова Евгенија, а трето место и припадна на Јовевска Моника.
На трката во машка конкуренција од прва до четврта година победи Поповски Мартин, зад него на целта пристига Димитровски Александар, а зад нив на третатата позиција успеа да се пласира Ридаров Алириза.
Општина Пехчево на сите кои освоија прво, второ и трето место ќе им додели парични награди.
Велосипедската трка се одржа на булеварот Борис Кидрич во должина од околу 1,5 километри.
Големиот број на учесници во овој настан истакнаа дека треба почесто да се организираат настани од ваков тип.