18.1 C
Pehčevo

    Никола Зафировски – Првиот академски музичар од Пехчево доби своја монографија

    Датум:

    По повод месецот на книгата вчера во кино салата при Дом на култура„Јане Сандански“ во Пехчево се одржа промоција на книгата „Никола Зафировски-прв академски музичар од Пехчево“ од авторот Јован Тасевски.

    „Бавно, полека умира душата на оној кој не патува, оној кој не чита, оној кој не наоѓа задоволство во себе, оној кој не слуша музика. Затоа слушајте музика, таа ќе ве однесе од тука до вечноста, ќе ви ги стопли срцата. Слушајте музика, зошто таа е извор на силата, цена на успехот, основа на мудроста, смеа за срцето и пред се мелем за сечија душа“ – така водителката и поетеса Габриела Костадинова ги поздрави присутните гости во преполната сала при домот на културата. Таа истакна дека за да се напише една таква книга каква што напишал Јован Тасевски е навистина голем труд, можеби и поради тоа личноста за која што пишува изобилува со многу податоци, успеси, факти и докази.

    Кој е Никола Зафировски – човек обдарен со разум за уметност, образован и мудар, а смислата на неговиот живот е музиката. Во музиката го пронашол идеалот за прекрасното, таа пред се допринела тој да живее вистински и да му се насладува на своето духовно битие. Прифатен е и признаен  и како таков  му припаѓа на кругот на врвни музичари кои можат да се сретнат веќе и многу ретко.

    По повод месецот на книгата вчера во кино салата при Дом на култура„Јане Сандански“ во Пехчево се одржа промоција на книгата „Никола Зафировски-прв академски музичар од Пехчево“ од авторот Јован Тасевски.

    За неговото успешно работење е одликуван со многу признанија и плакети, меѓу кои најомилени му се следните:

    1. Орден со сребрен венец за труд од претседателството на СФРЈ.
    2. Признание за особено истакнат педагошки работник.
    3. Златна плакета од фестивалот на мандолински оркестар од Прилеп за најдобар диригент.
    4. Плакета за успешно работење со оркестарот од музичка младина на Македонија
    5. Златна плакета од месна заедница од Пехчево
    6. Златна плакета од Општина Берово и др.

    Во отсуство на авторот предговорот од неговата книга го прочита Елица Јовевска. Во улога на промотори беа некогашните негови ученици Роска Пачемска, Сузана Каракашова и Драган Колевски кои дадоа свое видување за нивниот професор од времето кога биле дел од мандолинскиот оркестар. Промоцијата беше поткрепена и со три песни изведени на разни фестивали, чија музика и текст се на Никола Зафировски. Не остана незабележан и настапот на младиот кларинетист Гаврил Галевски- студент на музичката академија во Штип и ученик на професорот Зафировски.

    По повод месецот на книгата вчера во кино салата при Дом на култура„Јане Сандански“ во Пехчево се одржа промоција на книгата „Никола Зафировски-прв академски музичар од Пехчево“ од авторот Јован Тасевски.

    Крајот му припадна на градскиот мандолински оркестар под раководство на професорот Александар Парасков кои се претставија со три композиции,од кои две песни беа изведени под диригентската палка на професорот Зафировски, кој гордо застана пред своите ученици и успешно ги отсвиреа „Биљана платно белеше“ и „Серенада“.

    По повод месецот на книгата вчера во кино салата при Дом на култура„Јане Сандански“ во Пехчево се одржа промоција на книгата „Никола Зафировски-прв академски музичар од Пехчево“ од авторот Јован Тасевски.

    Промоцијата заврши онака како што и започна со многу емоции, со многу возбудливи моменти за кои се погрижи водителката Габриела Костадинова, која на крајот му приреди едно мало изненадување подарувајќи му песна посветена на него.

    По повод месецот на книгата вчера во кино салата при Дом на култура„Јане Сандански“ во Пехчево се одржа промоција на книгата „Никола Зафировски-прв академски музичар од Пехчево“ од авторот Јован Тасевски.

    На крајот Никола Зафировски им се обрати на присутните гости и ги поздрави со неколку реченици, а воедно му се заблагодари на градоначалникот Игор Поповски и советниците, на спонзорите на книгата, на промоторите, на техничката обработка, на оркестарот и на водителката Габриела.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...