-2.6 C
Pehčevo

    Конкурс за избор на најубава фотографија

    Датум:

    Општина Пехчево објави конкурс за избор на најубава фотографија направена со мобилен телефон, со мотив од градот Пехчево. На конкурсот можат да учествуваат само учениците од I (прва) до IV (четврта) година во ОСУ ,,Ацо Русковски,, – Берово, дисперзирани паралелки – Пехчево.

    Изборот на најубава фотографија ќе го врши комисија формирана од градоначалникот на општина Пехчево, според критериумите утврдени во конкурсот. Учениците своите фотографии треба да ги достават во електронска форма (на CD или на USB) во просториите на општина Пехчево кај Никола Каракашов, најдоцна до 15.04.2016 година (петок), до кога трае и конкурсот. Фотографиите кои ќе бидат доставени по наведениот рок нема да бидат разгледувани.

    Општина Пехчево ќе организира изложба од наградените фотографии во Дом на културата ,,Јане Сандански,, – Пехчево, каде ќе бидат доделени и наградите за најубава фотографија и тоа:

    1 – место – 3.000 денари

    2 – место – 2.000 денари

    3 – место – 1.000 денари

    Теми за кои треба да се натпреваруваат учениците се :

    1. Dream catcher

    -Симболи

    -Духовност

    -Поговорки

     2. In and Out

    – Симболизам

    – Влијанието на славните личности

    – Општеството

    3. Секојдневие

    – Вести и информации

    – Живот

    – Здрвје и убавина

    – Храна

    – Мода

    4. Природа

    – Растенија

    – Животни

    – се што е во спротивно од луѓето или направено од луѓето

    5. Истражување

    – теми на истражување

    – процес на истражување

    -да се биде истражуван (пронаоѓање, непокриеност, локации, универзум, распознавање, откривање)

    -Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да учествувале на други конкурси;

    -Фотографиите да бидат направени исклучиво од мобилен телефон без разлика на резулуцијата и пикселите на камерата;

    -Фотографиите може да бидат дополнително обработени со некоја од понудените апликации за доработка на фотографии за мобилен телефон, или да бидат компјутерски обработени во Photoshop апликација;

    -Фотографиите може да бидат минимум со димензии од 52мм х 74мм до максимимум 210мм х 297мм, со можност за печатење на А4 хартија;

    -Фотографиите може да бидат во сите стилови (selfie, landscape, portrait…);

    Техничко – уметнички критериуми по кои ќе работи комисијата:

    -Целосно почитување на барањата од горенаведените точки;

    -Естетика на фотографијата (фотографијата ќе се оценува според композицијата и начинот на којшто се вклопени фотографираните елементи кои треба да прават успешна целина во уметничка смисла);

    -Светлото во фотографијата (фотографијата не треба да биде премногу темна, ниту премногу светла. Фотографијата мора да има доволно видливи детали);

    -Напредни естетски детали: тоналитет, форма, текстура, ритам, баланс, движење и сл;

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...