18.1 C
Pehčevo

    Караванот на букви и броеви пристигна во Пехчево

    Датум:

    Денес о почеток во 12:00 часот, Караванот на букви и броеви на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ го посети ООУ,, Ванчо Китанов “ - Пехчево.

    Денес со почеток во 12:00 часот, Караванот на букви и броеви, Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ го посети ООУ,, Ванчо Китанов “ – Пехчево. Караванот ја промовираше Библиотеката на тркала – возило кое е пренаменето во подвижна библиотека и е опремено со сликовници, книги, едукативни игри и други материјали за најмладите ученици. Сите ученици од прво до трето одделение ја посетија Библиотеката на тркала која беше поставена во училишниот двор за време на настанот.

    Денес о почеток во 12:00 часот, Караванот на букви и броеви на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ го посети ООУ,, Ванчо Китанов “ - Пехчево.

    Додека едни деца вежбаа математика надвор, други влегуваа во комбето “Библиотека на тркала” пред училиштето и таму, заедно со наставниците, читаа и броеја.
    Караванот на букви и броеви и Библиотеката на тркала се дел од активностите кои Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ започна да ги спроведува во дел од основните училишта во државата со цел да претстави активности преку кои учениците и членовите од нивните семејства на забавен начин можат да учат мајчин јазик и математика. За таа цел, проектот соработува со повеќе јавни личности од областа на театарот, музиката и спортот и заедно со нив спроведува заеднички активности за читање и математика со учениците од почетните одделенија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...