0.3 C
Pehčevo

    Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади од ниските температури

    Датум:

    СливаОд 26 април па до 10-ти мај земјоделците можат да поднесуваат барање за проценка на штети од доцните пролетни мразови настанати на 21 и 22 овој месец.

    Сите земјоделци од Општина Пехчево кои сметаат дека имаат значителни штети на земјоделските посеви на својот имот, барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

    Во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансанциска сметка како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште, соопштија од  МЗШВ.

    Инаку, за проценката на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има измрзнување на културите.

    Согласно одлуката на Владата, од недела комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот се на терен и прават записници за штетите.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...