-0 C
Pehčevo

    Јавен повик за поубаво Пехчево

    Датум:

    Јавен повик за поубаво Пехчево

         Почитувани сограѓани, по повод 5 –ти Јуни Светскиот ден за заштита на животната средина, Советот на Општина Пехчево организира акција за засадување на цвеќиња во градот и разубавување на Пехчево.

         Ве повикуваме да излезете и Вие да бидете дел од акцијата за поубаво Пехчево, заеднички да покажеме колку ни значи и колку се грижиме за нашето родно гратче. Акцијата ќе се спроведе на ден 04.06.2022 година ( сабота ) во 8:30 часот, збирно место пред Маркет КИТ – ГО. Во акцијата ќе се приклучат и Општина Пехчево, сите општински институции и јавни претпријатија.

        Со оваа aкација ќе придонесеме за подигнување на јавната свест кај сите нас за позитивно да влијаеме кон зачувување и заштита на животната средина. Сите заинтересирани граѓани кои ќе присуствувате на акцијата понесете со себе соодветен алат за работа (копач, гребула, лопата и сл.).

    Со почит,

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...