Ј А В Е Н П О В И К
До евидентирани невработени лица за вклучување во програмата
Јавни работи 2025
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Јавни работи 2025 за извршување на јавни работи во период од еден месец да се пријават во општина Пехчево кај лицето Никола Каракашов или на број 033/441-321.
Јавните работи ќе се извршуваат во период од еден месец од 25.12.2025 до 25.01.2026 година, секој работен ден од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 часот. Пријавените лица кои ќе бидат изберени да ја вршат јавната работа ќе потпишат договор со Агенција за вработување и општина Пехчево. За секој работен ден невработените лица ќе добијат надомест во бруто износ од 800 денари дневно.
Општина Пехчево за извршување на гореневедените работни задачи ќе избере вкупно 10 евидентирани невработени лица од пријавените. Краен рок за пријавување е 18.12.2025 година.
Општина Пехчево
Градоначалник
с.р. Александар Китански
