0.7 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на здравствени работници

    Датум:

    ЈЗУ Здравствен дом -  Пехчево има потреба од вработување на доктори на медицина и медицински сестри ,  на неопределено работно   време.

    Врз основа на член 22и 23 , став1, алинеа 1 од Законт за работните односи(“Службен весник на Република Македонија”бр.16/10 ,50/10, 158/10 ,52/12) и членовите 157 став1 алинеја 1 , член 159 од Законот за здравствена заштита(Сл.весник на Република Македонија бр.43/2012)член 7, став 1 од Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 60/06 и 60/10),согласност за вработување од Министерство за финансии со бр.02-35726/2-2013 од 21.11.2013   година , директорот на ЈЗУ Здравствен дом  – Пехчево објавува

     

    ЈАВЕН  ОГЛАС

    за вработување на здравствени  работници

     

                ЈЗУ Здравствен дом –  Пехчево има потреба од вработување на доктори на медицина и медицински сестри ,  на неопределено работно   време.

                Заинтересираните кандидати за пријавување на огласот, покрај општиот услов за засновање на работниот однос утврден во Законот за работните односи,  треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

                1. Доктори на медицина (2) извршители

                -завршен медицински факултет

                -положен стручен испит и

                -поседување на лиценца за работа

                Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на посебните услови, кандидатите треба да достават во оригинална форма, или заверени кај нотар:

    -Извод од Матичната книга на родените;

    -Уверение (диплома, потврда) за завршено училиште;

    -Потврда за положен стручен испит

    -Лиценца за работа

    -Фотокопија од лична карта.

    Работното време е во смени ,40 часа  неделно,плата ќе се исплатува по колективен договор за здравство.

    Рокот за пријавување на огласот е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето(до пополнувањето на работните места). Како прв ден на објавувањето се смета денот на  последното објавување во јавно гласило.

    Изборот од пријавените кандидати ќе го изврши директорот на установата во рок од 8 (осум) дена од денот на завршувањето на јавниот оглас.

    Пријавите со потребните документи се доставуваат во архивата на Здравствениот дом или како препорачана пратка по пошта на адреса ЈЗУ Здравствен дом Пехчево, со назнака ,,за огласот,,

    Селекцијата и изборот на кандидатите ке се изврши согласно членовите 160 и 161 од Законот за здравствена заштита (Сл весник на РМ бр.43/2012)

    ЗД Пехчево ул.Индустриска бр.6  тел.033441626  071216906  Алексо

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...