-2 C
Pehčevo

    Јавен оглас за ,,крајни корисници,, за користење на услугите од проектот “Нови социјални услуги во општина Пехчево II”

    Датум:

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на обединетите Нации (УНДП) и општина Пехчево, Oперативниот план за активни програми и  мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2017 година усвоен од  Владата на Република Македонија во рамки на Програмата Општинско – корисна работа, општина Пехчево објавува:

    Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

    за

    ,,крајни корисници,, за користење на услугите од проектот Нови социјални услуги во општина Пехчево II

     

    1. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од следните категории:
    • стари, осамени и изнемоштени лица,
    • хронично болни лица,

    кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Нови социјални услуги во општина Пехчево II”  како ,,крајни корисници,, односно да бидат корисници на услуга –организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат Пријава за учество.

    1. Работните активности кои се предвидени со проектот “Нови социјални услуги во општина Пехчево II” предвидуваат социјална заштита и вклученост на старите/изнемоштени лица и поддршка на нивните секојдневни активности во насока на подобрување на нивната здравствена и хигиенска состојба.

    Истите предвидуваат но не ограничуваат:

    • услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шекер во крвта и др.);
    • консултации со матичен доктор и набавка на лекови на дневна основа;
    • помош при движење и заеднички прошетки;
    • набавка на продукти за исхрана и др. потреби во домаќинството;
    • приготвување на топол оброк/напиток;
    • поддршка во одржувањето на хигиената во домот на крајниот корисник;
    • вршење на поситни работи во домаќинството (мие садови, внесува дрва за огрев и сл.);
    • плаќање на сметки;
    • достава на храна од ЈПУД ,,Равен,, Пехчево (по пројавен интерес) и др.
    1. Крајните корисници (или во нивно име друго лице) Пријави за учество во проектот “Нови социјални услуги во општина Пехчево II” можат да поднесат во Општина Пехчево, Канцеларија за Локален економски развој (кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа) најдоцна до 02.10.2017 година.
    1. Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, Меѓуопштински центар за социјални работи, Канцеларија за материјални давања Пехчево.
    1. Проектот “Нови социјални услуги во општина Пехчево II”  ќе се имплементира  во општина Пехчево со времетраење од 6 месеци.

    Детални информации за Јавниот оглас можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 441 321 лок. 14 и Моб: 075 467 503 и на следната интернет адреса: www.pehcevo.gov.mk, односно во МЦСР Берово, Канцеларија за материјални давања Пехчево кај лицето Даниела Станоевска

    За повеќе информациии околу Програмата Општинско-корисна работа може да се обратите во Општина Пехчево, Центарот за вработување и/или Меѓуопштинскиот центар за социјална работа или на следните веб страни:

    www.pehcevo.gov.mk

    www.mtsp.gov.mk

    www. samovrabotuvanje.mk

    www.avrm.gov.mk

    Општинска Комисија за следење на проектот

    “Нови социјални услуги во општина Пехчево II”

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...