-2 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ОГЛАС

    Датум:

     opstinsko korisna rabota  Грб општина

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на обединетите Нации и општина Пехчево, проектот “Промовирање на одржливи вработувања III”  и поддршка на Владата на Република Македонија во спроведување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година и Програмата за Општинско – корисна работа, општина Пехчево и Министерството за труд и социјална политика, Меѓуопштински центар за социјални работи – Берово на ден 27.05.2014 година објавуваат:

     

     Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

     до

     ,,крајни корисници,, за користење на услугите од проектот Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови – нова форма на социјална услуга во општина Пехчево

    1. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од следните категории:

    • стари, осамени и изнемоштени лица,
    • хронично болни лица,

    кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови – нова форма на социјална услуга во општина Пехчево”  како ,,крајни корисници,, односно да бидат корисници на услуга –организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат Пријава за учество.

    2. Работните активности кои се предвидени со проектот “Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови – нова форма на социјална услуга во општина Пехчево”  предвидуваат социјална инклузија на старите/изнемоштени лица и поддршка на нивните секојдневни активности во насока на подобрување на нивната здравствена и хигиенска состојба.

    Истите предвидуваат но не ограничуваат:

    –          услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шекер во крвта и др.)

    –          консултации со матичен доктор и набавка на лекови на дневна основа;

    –          набавка на продукти за домаќинството;

    –          приготвување на топол оброк/напиток;

    –          вршење на поситни работи во домаќинството (мие садови, внесува дрва за огрев и др.);

    –          плаќање на сметки;

    –          носење на храна од ЈПУД ,,Равен,, Пехчево (по потреба) и др.

    3. Крајните корисници (или во нивно име друго лице) Пријави за учество можат да поднесат во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Канцеларија за материјална помош – Пехчево (кај лицето Роза Пајантова – Социолог, Одговорно лице за помош и нега од друго лице) и во  Општина Пехчево најдоцна до 30.05.2014 година.

    4. Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, Меѓуопштински центар за социјални работи, Канцеларија за материјални давања Пехчево.

    5. Проектот  “Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови – нова форма на социјална услуга во општина Пехчево”  ќе започне да се имплементира  на 01.06.2014 година со времетраење од 9 месеци.

    Детални информации за Јавниот оглас можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 441 321 и            Моб: 075 467 503 и Душко Миовски Моб: 076 298 147 и на следната интернет адреса: www.pehcevo.gov.mk

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...