-2.4 C
Pehčevo

    Јакнење на свеста за климатските промени – кино проекција во општина Пехчево

    Датум:

    Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија спреми мала кино проекција за граѓаните од општините кои се вклучени во овој проект.

    Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија спреми мала кино проекција за граѓаните од општините кои се вклучени во овој проект.

    Во вторникот,  малиот караван насловен: „4C (Climate Change Cinema Caravan)“ го посети Пехчево, како дел од компонентата за јакнење на свеста кај граѓаните за присутноста на климатските промени, кои се неоспорни  и нивното влијание врз секојдневниот живот.

    Комплетната организација околу настанот беше на екипата од Милиеуконтакт Македонија. Настанот беше конципиран како кино вечер со пуканки , филм и неформална дискусија за климатски промени, а сите заинтересирани граѓани  на општина Пехчево можеа да го проследат филмот „Неудобната вистина“ – авторски филм на еден од најголемите активисти за здрава животна средина, Ал Гор и претходен кандидат за претседател на САД.

    На проекцијата беше присутен и градоначалникот на Општина Пехчево – г.Игор Поповски кој како граѓанин на Пехчево исто така учествуваше во дебатата после проекцијата на филмот: како да се заштити околината на Пехчево, како поразумно да се користат сите ресурси во околината на Пехчево и како граѓаните самоиницијативно повеќе да придонесат за почиста животна средина беа дел од темите на дискусијата.

    Проекцијата на филмот се одржа во Домот на културата ,, Јане Сандански ‘‘ – Пехчево.

    Во филмот,  (а подоцна и книгата) „Неудобната вистина“  се посочува на потребата од намалување на испуштањето на штетните гасови како јаглероден диоксид, чии ефекти се поврзани со силните временски непогоди, топење на мразот, зголемувањето на нивото на водените површини и ширењето на заразните болести, но и исто така филмот изобилува и со секојдневни совети, моменти и примери – како обичниот граѓанин може да придонесе за спречување на климатските промени или да го даде својот придонес кон нивно ублажување.

    Кампањата која ја покрена Гор после излегувањето на првата книга и документарниот филм кој ја следеше му ја донесоа Нобеловата награда за мир во 2007-ма година.

    *Општина Пехчево, заедно со општините Виница,Боговиње, Богданци, Маврово-Ростуша, Теарце, Кривогаштани и Студеничани е една од осумте општини каде се спроведува Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени – прв проект на УСАИД од ваков вид во Македонија.

    Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија спреми мала кино проекција за граѓаните од општините кои се вклучени во овој проект.

    Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија спреми мала кино проекција за граѓаните од општините кои се вклучени во овој проект.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...

    Обврски за зимскиот период

    Соопштение до јавноста Обврски за зимскиот период         Почитувани...