На ден 02.12.2015 година (среда), општина Пехчево со засадување на 13000 садници ќе се вклучи во есенската акција ,, Ден на дрвото – засади ја својата иднина ’’.
13000 садници бор резервирани за акцијата во среда ќе се засадат на Буковик, 6км оддалеченост од градот Пехчево, а ќе се сади и низ градот Пехчево на локација до градскиот стадион ќе се засади смрча.
Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, ги повикува сите граѓани на општината да се вклучат во есенската акција ,, Ден на дрвото “.
,, Ги повикувам сите жители на Пехчево на 02.12.2015 г. (среда) да земат учество во акцијата ,, Ден на дрвото – засади ја својата иднина ’’ и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина ’’- истакна градоначалникот Поповски.
За превоз до Буковик обезбедени се теренски возила, додека акцијата ќе започне од 9 часот, место на поаѓање е пред зградата на локалната самоуправа.
Во акцијата ќе бидат вклучени и учениците од ООУ ,, Ванчо Китанов “, од I до VI одделение и ќе бидат ангажирани во активности за еколошко уредување и засадување на шумски садници во училишниот двор, додека учениците од VII до IX одделение, како и учениците од дисперзираните паралелки во Пехчево при ОСУ,, Ацо Русковски “ – Берово, ќе бидат вклучени со засадување на шумски садници на најблиската локација до училиштето.
Датум: