12.6 C
Pehčevo

    Информација до јавноста: Променети имињата на повеќе улици во Пехчево

    Датум:

    Советот на општина Пехчево, донесе одлука за промена на имињата на девет градски улици во Пехчево, градскиот плоштад и два мостови, согласно Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти.

    Со промените на имињата на улиците, граѓаните нема да мора да вадат нови лични карти.

    За да се избегнат погрешни толкувања или недоумици кај граѓаните, ја известуваме јавноста дека без оглед на евентуалната промена на имињата на улици, сите оние граѓани што имаат важечки биометриски лични карти нема да мора да ги променат до истекувањето на нивната важност.

    За сите правните субјекти запишани во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во Централниот регистар на Р.Македонија потребно е да извршат промена на адресните податоци со поднесување на пријава за упис на промена на адресни податоци.

     

     Л И С Т А

     за измена и дополнување на Уличната мрежа во Пехчево за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Пехчево

    ПОРАНЕШНО ИМЕ НА УЛИЦАТА НОВО ИМЕ НА УЛИЦАТА
    1.      Ул. “Истра” Ул. “Јулија Веселинска”
    2.      Ул. “Маршал Тито” Ул. “18 Август ”
    3.      Ул. “Борис Кидрич” Ул. “Равен”
    4.      Ул. “ ЈНА” Ул. “АРМ”
    5.      Ул. “4 Јули” Ул. “Малешевска”
    6.      Ул. “Велко Влахович” Ул. “Македонија”
    7.      Ул. “29 Ноември” Ул. “Кадиица”
    8.      Ул. “27 Март” Ул. “ВМРО”
    9.      Ул. “22 Декември ” Ул. “Александар Македонски”
    10.  Градскиот плоштад во Општина Пехчево “Градски плоштад СВ.Петар и Павле”
    11.  Мостот во центарот на Пехчево “Мост Св.Кирил и Методиј”
    12.  Мостот на улицата Ванчо Китанов “Мост 8 Септември”

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...