Со традиционално дефиле на мажоретките, ревијален настап на дувачки оркестри од Бугарија и Србија, со концерт на Миле Кузмановски, Dj Marga Sol, Dj Mats, Dj Doomloaf синоќа започна Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2016 што го проследија илјадници гости од земјава и од странство.
Градоначалникот на Пехчево Игор Поповски, кој го отвори фестивалот истакна дека е задоволен што Пехчево успеа и оваа година да го организира фестивалот со кој се продолжи малешевската традицијата на дувачките оркестри.
-Фестивалот за кој мислам дека сме најмногу подготвен, дигнитетот на фестивалот оваа година очекуваме да биде многу поголем, имаме многу познати имиња од естрадата. Овој фестивал го оргнаизираме на Павловден, бидјеќи ние со векови го прославуваме како празник на градот. Фестивалот и традицијата на трубите ја пакуваме како туристичка понуда , а туризмот ни е економски двигател на овој регион, рече Поповски.
Поповски додаде дека интересот за настап на групи од соседството е голем.
– Имавме голем интерес од дувачки оркестри од Србија, Бугарија, се јавуваа и од Албанија и Грција. Тоа сето ни дава за право да рзамислиме за воведување измени во досегашната структура и да воведеме меѓународна натпреварувачка вечер на кој ќе ја одмерат виртузоноста, трубачите од целиот Балкан, рече Поповски.
Годинава за златната труба на Пехчево се натпреваруваат шест дувачки оркестри од земјава. Музиката од дувачките оркестри и концертите на балканските ѕвезди Рајна и Саша Ковачевиќ најавени за петок и сабота се очекува да ја донесат кулминацијата на фестивалските денови.
Фестивалот е подржан од спонзори и од Министерството за култура.
Инаку, во рамки на фестивалот в сабота се организира и планинарски марш „Буковик 2016“ со маршута од Пехчево-Буковиќ- Врв Кадиица, а ќе се посети и локалитетот на раритетното растение, DROSERA ROTUNDIFOLIA, односно инсектојадното растение. На овој марш најавено е учество на 150 планинари од Македонија, Србија и Бугарија.
Агенда за втората фестивалска вечер:
14.07.2016 г.
19:30 – Општинска установа детска градинка „7 Септември“ – Пехчево
- Бранкица Јовевска – „Македонска песна“
- Матеј Стаменковски – „По друм одам мајче“, „Сношти сакав да ти дојдам“
- Димитар Карбински – „Билјана платно белеше“, „Јовано Јованке“
- Величка Живановска – „Во Струмица на улица“, „Мајка на Марика думаше“
- Филип Крамарски – „Усни на усни“, „Громови на душа“
- Живка Живановска – „Долга ноќ“
- Дует Филип Крамарски и Живка Живановска – „Љубов“
- Маја Пандова – „La valse d, Amelie
- Маја Пандова – „Соба за тага“
- Дует Евгенија и Маја Пандова – „Drag me doen – one direction“
- Маја Пандова – Bruno mars – „When I was your man“
- Дует Маринела Секуловска и Мартин поповски – Fraje – „Ich libe dich“
20:30 – Дувачки оркестар Златне усте од Америка
21:00 – Натпреварувачки дел
23:00 – Силви Бенд – концерт
01:00 – Dj TiSi
01:30 – Dj Marek – Република Бугарија