-2.3 C
Pehčevo

    Илјадници гости и посетители на Првата фестивалска вечер во Пехчево

    Датум:

    Илјадници гости и посетители на Првата фестивалска вечер во Пехчево

    Синоќа на летната сцена на градскиот плоштад во Пехчево, започна четвртото издание на Феститавлот на дувачки орекстри Пехчево 2014. Во присуство на илјадници гости и љубители на Малешевијата, традицијата и музиката од дувачките орекстри,  се одржа првата фестивалска вечер.

    Инаку, богатата програма на сцената на градскиот плоштад ја отворија мажоретките од Бладоевград и Симитли Р.Бугарија, а со својата изведба ја развеселија публиката ансамблот Танец и КУД ,, Јане Сандански ’’ од Пехчево, минатогодишниот победник на фестивалот во Пехчево Уска Кан и оркестарот од Сурдулица Р.Србија, како и настапот на фолк звездите Анета и гр. Молика.

    Фетсивалот во Пехчево, единствен фестивал од ваков вид во земјава, кој иако ја пишува четрвтата година од постоењето, со квалитетот на инструменталистите  се наметнува како сериозна конкуренција на дувачките оркестри кои настапуваат на интерационалниот фестивал на трубите во Гуча, соседна Србија. Членот на жири-комсијата, проф. Васко Ристов ова го потврдува со фактот дека победниците  во Пехчево и во 2011 оркестарот Џамбо Агусев и во 2013 оркестарот Уска Кан, ја освоија златната труба на светот на Гуча.

    Инаку, фестивалот за отворен го прогласи градоначланикот Игор Поповски кој истакна Општината и оваа година е организатор на единствениот фестивал во Република Македонија посветен на традицијата на дувачките инструментии оркестри кој како цел има да ја сочува оваа традиција, да ја долови виртуозноста на инструменталистите и да овозможи афирмација на оркестрите кои секогаш умеат да направат добра забава.

    Втората финална вечер започнува вечерва од 19 часот со натапите на Децата од детската градинка ,,7Септември’’, настап на локални пеачи,дувачките оркестри Берхран од Штип, Дурак од с.Црник-Пехчево и Уска Кан од Берово, дувачкиот оркестар Џамбо Агушев кој ќе одржи концерт, фолк пеачката Катерина Таневска и групата Нели ти реков, а во раните утрински часови забавата е предвидена за Dj Ti Si и Dj Марек од Р.Бугарија.

    Илјадници гости и посетители на Првата фестивалска вечер во Пехчево Илјадници гости и посетители на Првата фестивалска вечер во Пехчево

    Илјадници гости и посетители на Првата фестивалска вечер во Пехчево Илјадници гости и посетители на Првата фестивалска вечер во Пехчево

    Илјадници гости и посетители на Првата фестивалска вечер во Пехчево Илјадници гости и посетители на Првата фестивалска вечер во Пехчево

    Илјадници гости и посетители на Првата фестивалска вечер во Пехчево Илјадници гости и посетители на Првата фестивалска вечер во Пехчево

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...