2.5 C
Pehčevo

    Хуманитарен концерт во Пехчево за лекување на Зоран Двојаковски

    Датум:

    Zoran Dvojakovski

    Сите музичко талентирани ученици од ООУ. ,, Ванчо Китанов “- Пехчево, СОУ. ,, Ацо Русковски “- Берово и СОУ. ,, Методи Митевски Брицо “- Делчево на 13 ноември во Домот на културата ,, Јане Сандански “ во Пехчево ќе одржат хуманитарен концерт за собирање финансиски средства за лекување на новинарот од Берово, Зоран Двојаковски, кој боледува од тешка болест и му се потребни финансиски средства за лекување во соседна Бугарија.

    Двојаковски е момче во количка со тежок хендикеп на нозете. Пред два месеца му е дијагностициран тумор на бешиката. Тешките здравствени проблеми и брзото растење на туморот, го принудуваат Двојаковски да се лекува во соседна Бугарија, каде му се потребни 5.000 евра.

    Градоначалникот Игор Поповски јавно ги повикува граѓаните на Пехчево што помасовно да се вклучат во акцијата и да му помогнат на Зоран. Јас знам и уверен сум дека граѓаните на Пехчево во масовен број и овој пат ќе ја покажат својата хуманост и солидарност и ќе помогнат, истакна Поповски.

    Организатори на хуманитарниот концерт се: ООУ. ,, Ванчо Китанов “- Пехчево, СОУ. ,, Ацо Русковски “ – Берово, СОУ. ,, Методи Митевски -Брицо “ – Делчево, Центар за лековити билки и шумски плодови ,, Амброзија “ – Пехчево, Општина Пехчево и Домот на културата ,, Јане Сандански “ – Пехчево.

    Почетокот на концертот е во 17 часот. Влез: 50 денари

    Да ја покажеме нашата хуманост во моменти кога на Зоран Двојаковски му е неопходна.

    Жиро сметка за донации:
    Зоран Двојаковски
    200000200045905
    Стопанска Банка

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...