0.3 C
Pehčevo

    Градоначалникот Тренчовски додели пакетчиња за децата од најранливите категории

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски денеска ги посети Дневниот центар за лица со посебни потреби и Центарот за лица без родители од Берово. На сите 18 деца кои ги посетуваат овие центри од страна на градоначалникот им беа доделени пригодни подароци новогодишни пакетчиња, им посака среќа во Новата година на нив и на вреботените.

    Пакетчиња Дневен центар

    Доделувајќи им ги овие подароци за среќна Нова година, тој воедно им посака детски безгрижни мигови, исполнети со многу здравје, среќа и радост во годината што претстои.

    -На овие празници најмногу и најискрено им се радуваат децата. Затоа општина Пехчево и оваа година ќе допре до срцата на тие деца на кои им е потребно внимание и поддршка. На овој начин ја продолжуваме и ја продлабочуваме соработката и сакаме да покажеме дека се грижиме за нашите најранливи категории, а на вработените во службата успешно спроведување на своите планови и програми во рамките на нивната работа – рече Тренчовски.

    Деца без родители

    Искрени и радосни насмевки се гледаа на детските лица, додека градоначалникот им ги делеше пакетчињата.
    Тренчовски исто така на вработените на институцијата им порача дека за тековните проблеми кои можат да се јават во центарот, општината е спремна да помогне се со цел непречено да се одвива работата во Дневниот центар.

    Деца без родители1

    Вработените во овие два центри истакна дека имаат многу добра соработка со локалната самоуправа на Општина Пехчево и се надеваат дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму.

    Пакетчиња Дневен центар2

    На настанот присуствуваше и Директорката на центарот за социјална работа во Берово Г-ѓа Маја Николова и вработени и волонтери во Црвен крст од Берово.

    Пакетчиња дневен центар1

    Дечињата на градоначалникот му подарија рачно изработен новогодишен подарок од страна на нив и вработените.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...