Следејќи ги препораките од Владата на РСМ, а со цел како одговорна општина да излеземе во пресрет на граѓаните на кои им е потребна помош во услови на актуелната состојба со Covid 19 (корона вирус), Општина Пехчево, формира мобилни тимови за помош на сите стари и изнемоштени лица во Општината.
За таа цел ги информираме граѓаните дека од денес, понеделник 16.03.2020г , секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на лекарства, прехранбени производи и средства за хигиена, со цел да не се изложуваат на дополнителен ризик од инфицирање со коронавирус, ќе може телефонски да ги контактираат тимовите, секој работен ден од 08,00 до 18,00 ч. на следниот телефонски број:
078/447-300 – Ванчо Бучевски
Додека, во период од 07:30 часот до 15:30 часот, ОпштинаПехчево Ви стои на располагање за поддршка и на телефонскиот број на општината 033/441-321.
Инаку, согласно со препораките од Министерството за здравство, Општината воведе рестриктивни мерки, во смисла укинување на приемните денови, задолжителна дезинфекција на просториите на Општина Пехчево, а ќе се изврши и дезинфекцијата на училиштето и градинката во текот на оваа недела.
Како одговорна Општина, сакаме да помогнеме на нашите сограѓани и уште еднаш апелираме да ги почитувате препораките од Министерството за здравство и Заштитете се останете дома.
На сите лица кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и на граѓаните кои се сомневаат дека имаат симптоми на корона вирус, им се препорачува да се јават на броеви: Ало докторе 02 15 123; Центар за јавно здравје Кочани 071 373 913.