Вториот фестивал на шумите годинава ќе се одржи во Берово и во Пехчево, од 13 до 15 мај. Целта на овој „Форест фест“ е да го стави руралниот развој во фокусот и да ги прослави шумите со сите нивни вредности.
Авантуристите ќе имаат можност да видат дел од репертоарот на ЕХО фестивалот, да учествуваат во планинарска, велосипедска, џип тура, преживување во планина и натпревар во шумарски вештини.
За љубителите на природата се организирани прошетки, извиднички камп, едукативни работилници, промоција на шумски производи, музика..
– Источна Македонија изобилува со шуми, а шумите значат живот. Шумите во Македонија покриваат околу 40 отсто од целокупната територија. Тие се важен природен ресурс за околу 60.000 сопственици на приватна шума, особено во ридско-планинските подрачја на Македонија, како што е Малешевијата. Бидејќи во овој регион околу 45 отсто од шумите се во приватна сопственост, тие се особено значајни за руралното население од ова подрачје. Затоа годинешниот „Форест фест“ има цел да ги промовира сите капацитети и можности што ги нуди Малешевијата во однос на руралниот развој – велат организаторите.
Фестивалот е поддржан од ЦНВП-Македонија, во соработка со општините Берово и Пехчево, Националното здружение на сопственици на приватни шуми и Програмата за зачувување на природата во Македонија и други.
Програмата за фестивалот ,,Форест фест“ можете да ја превземете тука: