-2.5 C
Pehčevo

    Дополнителни превентивни мерки донесе Кризниот штаб во Општина Пехчево

    Датум:

    општински кризен штаб1

    Денеска во Општина Пехчево на иницијатива на градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, се оддржа итен состанок на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки со коронавирусот.

    Познато е дека во Пехчево, вчера се појави првиот случај на инфициран наш сограѓанин од Ковид-19, и затоа јас како градоначалник и командант на Кризниот штаб во името на сите членови и во името на сите граѓани му посакуваме што побрзо оздравување, и упатувам апел да не се шири паника помеѓу луѓето и да се однесуваме смирено и разумно, и да се почитуваат мерките донесени од Владата.

    Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Пехчево во континуитет спроведува мерки за заштита на јавното здравје од корона вирусот. На денешниот состанок градоначалникот Тренчовски договори и дополнителни превентивните мерки кои ќе продолжат да се спроведуваат во следниот период, од страна на надлежните институции со цел реализација на повеќе координирани активности во општината.

    Епидемиологт Сузана Каракшова исто така повикува на смиреност. Заболениот е во добра здравствена состојба и сите членови од неговото семејство се во изолација и ќе бидат тестирани.

    Со смирувачки тонови, апел упатува и директорот на ЈЗУ Пехчево кој рече дека секојдневно се врши дезинфекција на Здравствениот дом во Пехчево, дека Здравниот дом навремено има набавено опрема за медицинските лица и тоа 20 скафандери, 10 визири, во моментот има 2400 маски и 3000 ракавици, а додаде и дека е одредена просторија во Здравниот дом за изолација за заболените од корона вирусот.

    Врз основа на епидемиолошките мислења и реалната состојба на теренот, Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следниве заклучоци:

    -Општина Пехчево го става на располагање Туристичкиот центар за тестирање на граѓаните во општината;

    -Сите лица кои биле во контакт со инфицираното лице да се јават на епидемиологот Сузана Кракашова, за понатамошни инструкции и совети на тел:071/244-472;

    -Сите што биле во контакт со инфицираното лице да останат во самоизолација;

    –Работата на здравниот дом ќе работи непречено;

    -Здравствените лица кои биле во контакт со инфицираното лице се ставени во изолација и да се побара дополнителни тестови за дел од персоналот;

    -Да се извршат напори да се направи тест за Ковид-19 на поголем број од населението во Пехчево;

    -Да се продолжи со дезинфекција на улиците, маркетите, влезовите на зградите и сите јавни повшини и во наредниот период;

    -Да се воздржиме од масовни групирања, собири и прослави;

    -Да ја подигнеме свеста, прво за сопственото, па потоа и за  јавното здравје, заштитувајки се себеси, ги заштитуваме луѓето околу нас, следете ги препораките, останете безбедни,  останете дома,е пораката од општинскиот кризен штаб во Пехчево;

    -Во маркетите, аптеките, банките, поштите и другите објекти кои даваат услуги на граѓаните, да се запази минимум потребното растојание од два метри. Многу е важно да го почитувате социјалното дистанцирање;

    – Да се следат насоките за спречување на ширењето на корона вирусот. Редовно одржувајте лична и општа хигиена;

    Инаку, во Пехчево се направени вкупно четири тестирања за Ковид-19, од кој три се негативни, а еден позитивен.

    Од кризниот штаб упатуваат силен апел, сите заедно, да покажеме поголема одговорност и сериозност за состојбата во којашто се наоѓаме, да им олесниме на сите кои што се грижат за нашето здравје со тоа што ние самите ќе покажеме поголема грижа за него.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...