8.1 C
Pehčevo

    Дневен ред на втората седница на Советот на Општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам втората седница на Советот на општина Пехчево за ден 23.12.2021 година (четврток). Втората седница на Советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од конститутивната седница на советот на општина Пехчево;
    2. Усвојување на записникот од првата седница на советот на општина Пехчево;
    3. Предлог одлука за формирање на Комисија за Статут и прописи;
    4. Предлог одлука за формирање на Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој;
    5. Предлог одлука за формирање на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
    6. Предлог одлука за формирање на Комисија за изработка на Програма на Советот на општина Пехчево;
    7. Предлог одлука за формирање на Комисија за заштита на пациентите;
    8. Предлог одлука за формирање на Комисија за одбележување на значајни настани;
    9. Предлог одлука за формирање на Комисија за општествени дејности;
    10. Предлог одлука за формирање на Комисија за венчавки;
    11. Предлог одлука за формирање на Комисија за еднакви можности на жените и мажите;
    12. Предлог одлука за формирање на Комисија за заштита на потрошувачите;
    13. Предлог одлука за усвојување на Буџет на општина Пехчeво за 2022 година;
    14. Предлог одлука за извршување на буџетот на општина Пехчево за 2022 година;
    15. Предлог одлука за утврдување вредност на бодот за платите на државните службеници за 2022 година;
    16. Предлог одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2022 година;
    17. Предлог oдлука за усвојување на Буџетскиот календар на општина Пехчево за 2023 година;
    18. Предлог одлука за усвојување на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево, за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водoснабдување, за регулиран период 2022-2024 година;
    19. Предлог одлука за усвојување на одлука од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води, за регулиран период 2022-2024 година;
    20. Предлог одлука за одобрување на висината на цената за собирање и транспортирање на комунален отпад од вилите на туристичкиот локалитет Равна Река – Пехчево;
    21. Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на OJУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    22. Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    23. Предлог програма за работа на советот на општина Пехчево за 2022 година;
    24. Предлог одлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и мотоцикли за 2022 година;
    25. Предлог одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и одредување на минимална површина за фрижидери пред деловните објекти за 2022 год;
    26. Предлог одлука за плаќање на фирмарина, односно назив на деловна просторија за 2022 година;
    27. Предлог одлука за купување, отуѓување и оптоварување на недвижен имот во сопственост на општина Пехчево за 2022 година;
    28. Предлог одлука за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (Земјоделско земјиште) за 2022 година;
    29. Предлог одлука за утврдување на зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Пехчево и населените места во општина Пехчево и утврдување на пазарна вредност на недвижности и права на земјоделско земјиште за 2022 год;
    30. Предлог одлука за отпис на комунална такса за истакната фирма и данок на имот за 2022 година;
    31. Предлог одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирања на територијата на општина Пехчево за 2022 година;
    32. Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на имот за 2022 година;
    33. Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на наследство и подарок за 2022 година;
    34. Предлог одлука за утврдување на висината на стапка на данок на промет на недвижности за 2022 год;
    35. Предлог oдлука за условите што мора да ги исполнуваат објектите за нештетно отстранување на животински мрши за 2022 година;
    36. Предлог oдлука за посебни сообраќајно технички мерки за забавување на сообраќајот за 2022 год;
    37. Предлог одлука за формирање на Комисија за објекти кога постои опасност од уривање за 2022 год;
    38. Предлог одлука за определување на име на улици во место викано Брегалница – Равна река, општина Пехчево;
    39. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2021 година;
    40. Предлог одлука за усвојување на правилник за попис на основни средства, инвентар и подвижен имот и побарувања и обврски на општина Пехчево;
    41. Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор во ЈЗУ Здравствен Дом Д-р ,,Иван Георгиев,, – Пехчево;
    42. Предлог oдлука за усвојување Програма за проекти од областа на културата на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2022 година;
    43. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2021 година и Програма за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2022 година;
    44. Барања од граѓани;
    45. Советнички прашања;
    46. Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...