-0.6 C
Pehčevo

    Дневен ред на трета седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 3-тата седница на советот.

    3-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за петок 22.12.2017 година, со почеток во 09 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    за третата седница на Советот на општина Пехчево

    1.      Усвојување на записникот од 2-ра седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на буџетот на општина Пехчево за 2018 година;

    3.      Предлог одлука за извршување на буџетот на општина Пехчево за 2018 година;

    4.      Предлог Одлука за усвојување на Буџетскиот календар на општина Пехчево за 2019 година;

    5.      Предлог одлука за утврдување на висината на благајнички максимум за 2018 година;

    6.      Предлог одлука за утврдување вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2018 година;

    7.      Предлог одлука за кофинансирање на проект: Изградба на дел од улица ,,1,, во индустриска зона ,,Чуката,, – Пехчево во рамки на програмата за регионален развој за 2018 година;

    8.      Предлог одлука за потреба од определување на заштитни зони околу водни тела на водозафат на Пехчевска река и Љутачка река наменети за консумирање од страна на човекот во општина Пехчево;

    9.      Предлог одлука за усвојување на Одлуката за промена на висина на цена за влез на оператор за погребување за користење на инфраструктурата на градските гробишта во Пехчево, донесена од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    10.  Предлог одлука за усвојување на Одлуката за усогласување на стопанисувањето на претпријатието со градските гробишта, донесена од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    11.  Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2018 година;

    12.  Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2018 година;

    13.  Предлог програма за други комунални услуги третман на кучиња скитници и други нерегистрирани кучиња за 2018 година;

    14.  Предлог програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Пехчево за 2018 година;

    15.  Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2018 година;

    16.  Предлог одлука за пристапување на општина Пехчево како соосновач на
    Здружението за рурален развој Локална акциона група МАЛЕШ – ПИЈАНЕЦ;

    17.  Предлог одлука за плаќање на фирмарина, односно назив на деловна просторија за 2018 година;

    18.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на имот за 2018 година;

    19.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на наследство и подарок за 2018 година;

    20.  Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на промет на недвижности за 2018 година;

    21.  Предлог одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирања на територијата на општина Пехчево за 2018 година;

    22.  Предлог одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и одредување на минимална површина за фрижидери  пред деловните објекти за 2018 год;

    23.  Предлог одлука за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (Земјоделско земјиште) за 2018 година;

    24.  Информација од ЈКП,,Комуналец,, за членови на управен одбор;

    25.  Информација од ООУ ,,Ванчо Китанов,, за членови на училишен одбор;

    26.  Информација од ОУ ДК ,,Јане Сандански,, за членови на управен одбор;

    27.  Информација од ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, за членови на управен одбор;

    28.  Информација од ОЈУДГ ,,7 Септември,, за членови на управен одбор;

    29.  Информација од ЈЗУ ,,Здравствен дом,, – Пехчево;

    30.  Барања од граѓани;

    31.  Советнички прашања;

    32.  Тековни активности;

    ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА ТРЕТА СЕДНИЦА

    НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    33. Предлог програма за работа на Одделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина при општина Пехчево за 2018 година;

    34. Предлог Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Пехчево за 2018 година;

    35. Предлог Програма за изработка на планови за општина Пехчево за 2018 година;

    36. Предлог Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Пехчево за 2018 година;

    37. Предлог Програма за изградба, реконструкција и одржување на водоводи и канализациона мрежа, одржување и изградба на речни корита и уредување и изградба на вештачки системи во општина Пехчево за 2018 година;

    38. Предлог одлука за експропријација на праведен надоместок на пазарна вредност на недвижен имот во Пехчево;

    39. Предлог одлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и мотоцикли за 2018 година;

    40. Предлог одлука за определување на цената на такси стојалишта, автобуски станици и стојалишта во јавниот општински превоз на територијата на општина Пехчево за 2018 година;

    41. Предлог одлука за утврдување на зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Пехчево и населените места во општина Пехчево и утврдување на пазарна вредност на недвижености и права на земјоделско земјиште за 2018 год;

    42. Предлог одлука за условите што мора да ги исполнуваат објектите за нештетно отстранување на животински мрши за 2018 година;

    43. Предлог одлука за посебни сообраќајно технички мерки за забавување на сообраќајот за 2018 година;

    44. Предлог oдлука за продолжување на работното време на угостителските објекти;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...