10.4 C
Pehčevo

    Дневен ред на четвртата седница на Советот на Општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам четвртата седница на Советот на општина Пехчево за ден 17.03.2022 година (четврток). Четвртата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 14:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од третата седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    3. Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево;
    4. Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    5. Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
    6. Предлог одлука за давање на времено користење движна ствар (Опел Астра), на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    7. Предлог одлука за усвојување на правилник за плати и други надоместоци на плата на вработените во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    8. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување вредност на бод за пресметување на плата на административните службеници, давателите на јавни услуги и помошно техничките лица;
    9. Предлог програма за работа на општински комунален инспектор на општина Пехчево за 2022 година;
    10. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Годишен план за вработување во ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2022 година;
    11. Предлог одлука за усвојување на извештај за работа на Полициска канцеларија – Пехчево за 2021 година;
    12. Предлог одлука за усвојување на Завршна сметка на OЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2021 година;
    13. Предлог одлука за утврдување на паричен надоместок за новородено дете на територијата на општина Пехчево;
    14. Предлог одлука за усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2021/2022 година;
    15. Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2021 година;
    16. Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2021 година;
    17. Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршна сметка на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2021 година;
    18. Предлог одлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајните, побарувањата, обврските, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Пехчево за 2021 година;
    19. Предлог одлука за отпис и отстранување на основни средства, сопственост на општина Пехчево;
    20. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2021 година;
    21. Предлог одлука за усвојување на дванаесетмесечен извештај за финансискoто работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.2021 год. до 31.12.2021 год;
    22. Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – декември 2021 година;
    23. Предлог одлука за усвојување на ценовник за извршување на услуги и работи од страна на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    24. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2021 година;
    25. Предлог одлука за отпис на комунална такса за истакната фирма и данок на имот за 2022 година;
    26. Предлог одлука за формирање на општински совет за превенција на детско престапништво во општина Пехчево;
    27. Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година;
    28. Предлог одлука за усвојување на завршната сметка на општина Пехчево за 2021 година;
    29. Предлог одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај од работењето на општина Пехчево за 2021 година;
    30. Предлог одлука за определување на име на улици во општина Пехчево;
    31. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево за 2021 година;
    32. Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Пехчево, за 2022 година;
    33. Барања од граѓани;
    34. Советнички прашања;
    35. Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...