-4.1 C
Pehčevo

    Директна средба на градоначалникот Поповски, со жителите од месните заедници

    Датум:

    Градоначалникот на Општина Пехчево, вчера ги посети месните заедници Робово, Умлена и Чифлик.

    Градоначалникот на Општина Пехчево, вчера ги посети месните заедници Робово, Умлена и Чифлик.

    Целта на средбата беше жителите од овие месни заедници, да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во овие населби, со средства предвидени за 2013 – 2014 година, но и да ги слушне градоначалникот приоритетите и проблемите на жителите, се со цел подобрување на животниот стандард, развој на економијата и создавање на поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство.

    ,, Нашата цел е остануваме на зацртаниот правец,да овозможиме услови за враќање на животот во нашите села. Да упатиме јасна порака, дека не сме ги заборавиле селата, дека убави нешта ќе се случуваат и овде ’’, најпрво истакна градоначалникот Игор Поповски.

    Овде сме да ви ги кажеме проектите кои ги планираме да ги реализираме за оваа година, а вие да ни ги кажете вашите приоритети за да можеме да дејствуваме да ги ставиме во програмата за наредната година, додаде градоначалникот Поповски.

    Асфалтирање и поставување на бехатон плочки на некои од селските улици, тампонирање на улиците, поставување на каналетки, замена на уличните светилки со нови штедливи сијалици, набавка на таложник и редовно исфрлање на контињерите поставени во селските населби и набавка на нови контињери се проектите предвидени од страна на општината за оваа година.

    Реконструкција и санација на канализационата мрежа, изградба на фекална канализација, асфалтирање на позначајните селски улици, поставување на каналетки, чистење на реките, да се реши проблемот со Џубрето, недостаток на повеќе контијнери, се приоритетите и проблемите предложени од граѓаните. Тие изразија благодарност до градоначалникот што планираните активности на општината за овој период и нивните приоритети се поклопуваат и дека нивните проблеми конечно ќе бидат решени во краток период.

    ,, Мислам дека се многу значајни овие средби, затоа што на вакви средби практично го официјализираме сето она што во текот на годината го работиме. Со сите вас, ние во текот на годината имаме и директна средба и едноставно тие многу ни помагаат, за потребите, проблемите, пропустите па и за грешките и мислам дека тоа е една одлична практика, затоа што на тој начин директно ги осознаваме потребите на граѓаните од самото место. Сите ваши проблеми кои не се предвидени за оваа година, веќе запишани, а динамиката на реализација ќе зависи од пристигнување на средствата ‘‘, потенцираше градоначалникот Игор Поповски.

    Ваквите средби даваат особен придонес во непосредната комуникација на граѓаните со локалната самоуправа, а на тој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на правите проекти. Оваа практика ќе продолжи и понатаму, затоа што директната соработка со граѓаните се покажа како најпродуктивен начин од прва рака да се осознаат сите потреби и проблеми.

    Градоначалникот на Општина Пехчево, вчера ги посети месните заедници Робово, Умлена и Чифлик.

    Градоначалникот на Општина Пехчево, вчера ги посети месните заедници Робово, Умлена и Чифлик.

    Градоначалникот на Општина Пехчево, вчера ги посети месните заедници Робово, Умлена и Чифлик.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...