0.7 C
Pehčevo

    Детската градинка ,,7 Септември“ – Пехчево единствената институција во регионот која е комплетно енергетски ефикасна

    Датум:

    Стариот котел за парно греење на нафта во детската градинка во Пехчево е заменет со нови котли за греење со пелети. Со оваа, детската градинка во Пехчево е единствена институција во регионот која е комплетно енергетски ефикасна.Освен што ќе се штеди 30% од енергијата, градинката ќе биде и ефикасна.Освен што ќе се штеди 30% од енергијата, градинката ќе биде и еколошка и нема да ја загадува средината.
    „Поставени се два котли кои ќе се вклучуваат по потреба, во зависност од временските услови“, изјави Игор Поповски, градоначланик на Пехчево.
    „На овој начин ние сме во функција на заштита на животната средина, нешто на што ги учиме и децата“, вели Гордана Вазлиска, директорка на детската градинка.
    Вредноста на оваа инвестиција е 40 илјади долари, финансиран од УНДП, Општина Пехчево и детската градинка,а имплементатор е организацијата Амброзија.
    „Проектот е дел од општинската стратегија за климатски промени, каде беше истакнат како приоритетен“, појасни Ирена Каракутовска, координатор на проектот, Амброзија.
    Инаку,следниот чекор на градинката е инсталирање на сончеви колектори.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...