-2 C
Pehčevo

    Детска декларација за зголемена безбедност на патиштата во Република Македонија

    Датум:

    Општина Пехчево активно се вклучува во кампањата на Владата на Република Македонија за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, насловена како „Почитувај ги правилата – Почитувај го животот“, која ќе се реализира во период од 14 Април до 31 Мај 2015 година, со што секој циклус ќе се однесува на посебна ранлива категорија на учесници на сообраќајот.
    Првата активност што Општината ја спроведе во соработка со ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево е запознавањето на децата со Детската декларација за зголемена безбедност на патиштата во Република Македонија преку нивните класни раководители. Оваа Декларација може да се прочита и на web страната на општината, а се со цел да биде запознаена пошироката јавност со истата.

     

    ДЕТСКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    Зошто илјадници деца гинат или се повредени на патиштата низ светот секој ден? Затоа што не е доволно сторено. Вие, нашите лидери, морате да слушнете и да дејствувате.
    Ние сме деца. Во иднина би можеле да имаме право на глас, но сега е време на Вас да ни помогнете. Мора да се превземе нешто час поскоро или многу деца нема да имаат шанса да пораснат за да добијат право на глас.
    Еве како Вие, нашите лидери и останатите возрасни можете да ни помогнете, придружувајќи се на овој повик за акција за да бидеме сигурни дека сите деца можат да патуваат безбедно.
    Сите ние заслужуваме безбедно да стигнеме до и од училиште. Патиштата мора да бидат безбедни за децата. Ние сакаме безбедни пешачки патеки за велосипедисти, ние сакаме легнати полицајци за да го забават сообраќајот и сакаме безбедни крстосници, за да можеме да се образуваме без страв дека ќе бидеме повредени.
    Повикуваме сите возила кои превезуваат деца, насекаде низ светот, да бидат безбедни. Сите автомобили и автобуси треба да имаат безбедносни појаси. Кога возрасните не возат на мотоцикли или скутери, мора да носиме заштитна кацига за да бидеме безбедни. Ние знаеме дека носењето кациги или ставањето на безбедносен појас, може да спаси живот.
    Конзумирањето на алкохол и возењето се опасна комбинација. Брзото возење е опасно. Луѓето кои се грижат за децата не треба да ги прават овие работи, никој не треба да ги прави. Полицијата треба да направи повеќе за да не заштитат и да ги спречат луѓето кои возат брзо или пијат алкохол, а потоа возат. Ние мора да бидеме безбедни постојано – кога сме надвор со нашите семејства, кога си играме или кога сме на училиште.
    Закони мора да се носат, апелите мора да бидат слушнати и мора да има активности за да бидеме сигурни дека има безбедни патишта за сите деца, насекаде низ светот.
    Ве повикуваме сите да се вклучите во активностите за намалување на бројот на загинати на патиштата, како важна цел во глобалниот развој. Каде и да живееме, ние сакаме и очекуваме безбедност на патиштата за нашите пријалтели, нашите семејства и за самите нас.
    Не сме само деца и нашиот глас понекогаш не се слуша. За тоа сте ни потребни во превземањето на активности. Доколку ни обезбедите патишта денес, би можеле, и ќе бидеме добар пример за генерациите кои доаѓаат. Ве молиме слушнете не и дејствувајте.
    Спасете детски животи.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...