-1.4 C
Pehčevo

    Пехчево се подготвува за денот на пролетта

    Датум:

    Ден на пролетта

    Општина Пехчево ќе биде дел од акцијата на Министерството за животна средина „ Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на 21- ви март, (петок).

    Проектот има цел на национално ниво да ги претвори урбаните средини во вистински цветни градини кои го прочистуваат загадениот воздух и создаваат визуелно-естетски рај за сетилата.

    Локалната самоуправа во соработка со ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ на денот на пролетта 21 март 2014 година ( петок ), ќе организираат изложбена продажба на рачно изработени предмети , а од собраните средства ќе се набават садници од рози и истите ќе се засадат во училишниот двор.

    Со купување на предмет изработен од детските раце на учениците, ја подржувате акцијата ,, Македонија земја на цвеќето- земја на розите“, чија цел е Македонија да стане земја на розите и ќе помогнете учениците да купат садници на рози и да ги засадат во училишниот двор.

    Со огромна чест и задоволство Ве покануваме да се вклучите во нациналната еколошка акција ,, Македонија земја на цвеќето, Македонија земја на розите ’’, која ќе се одржи на 21 март 2014 година ( петок ) во центарот на Пехчево со почеток од 11:30 до 15 часот.

    Уживајте во продажната изложба, купете некој од изработените украсни предмети и вклучете се во акцијата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...