7.1 C
Pehčevo

    Честитка од градоначалникот Драган Тренчовски по повод големиот христијански празник Велигден

    Датум:

    ГрадоначалникСо голема чест и радост во мое лично име, во име на Советот на Општина Пехчево и од името на вработените во општина Пехчево, на сите православни верници, Ви го честитам големиот Христијански празник – Велигден и Ви посакувам благословени и среќни празнични денови.

    -Овој ден е темелот на нашата вера, нашето постоење и нашата иднина. Денес го празнуваме чинот кога нашиот Бог ни даде можност на нас луѓето да сведочиме за неговите чуда, да учиме од неговата благост и да го следиме по неговиот пат. Велигден е празник и на семејството, на човечноста и на солидарноста, празник кој зближува и носи порака на заедништво, мир и разбирање. Ваквите вредности се темелот на развојот во било кое поле и во секоја област. Меѓусебното разбирање и почитта е енергијата која отвора можности и дава шанса за напредок.

    Велигденското празнување нека ни донесе божји благослов кој ќе допре до сите нас и кој ќе ги осветли душите на сите православни верници. Нека милоста божја биде почуствувана од сите добронамерници, нека значи среќа, мир и долговечност за сите верници.

    Нека Бог не чува и нека ни помогне во сите наши искушенија. Нека го зацврсти единството и нашата верба, нека ја умножи љубовта и радоста помеѓу луѓето, нека дари рожби и повеќе деца во нашите семејства, нека ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои се развива македонското општество.

    Нека е за многу години големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден!

    ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!, стои во честитката на градоначалникот Драган Тренчовски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...