-2 C
Pehčevo

    Благодарници за несебична помош и подршка за реализирање на Христијанските Извиднички Летни кампови – ХИЛК Равна Река 2014/15

    Датум:

    Во месец јули 2015 година на Туристичката населба ,, Равна Река “ се одржа вториот по ред Христијанско Извиднички Летен Камп ХИЛК Равна Река 2014/15 во oрганизација на Христијанскиот Извиднички Сојуз на Македонија.

    Во месец јули 2015 година на Туристичката населба ,, Равна Река “ се одржа вториот по ред Христијанско Извиднички Летен Камп ХИЛК Равна Река 2014/15 во oрганизација на Христијанскиот Извиднички Сојуз на Македонија.

    На туристичката населба Равна Река  престојуваа 60 извидници претежно деца, кои по строго воспоставени правила каде мобилните телефони, интернетот и други современи атрибути на животот се забранети во кампот, спроведуваат активности како што е ориентација во просторот, врзување на јазли,комуникација со знаменца и слично.

    Во месец јули 2015 година на Туристичката населба ,, Равна Река “ се одржа вториот по ред Христијанско Извиднички Летен Камп ХИЛК Равна Река 2014/15 во oрганизација на Христијанскиот Извиднички Сојуз на Македонија.

    Раководството на Христијанскиот извиднички камп – ХИЛК Равна Река во салата за состаноци изразија голема благодарност до Општина Пехчево, посебно до градоначалникот Игор Поповски и неговите соработници за нивната несебична помош и подршка за реализирање на Христијанските Извиднички Летни Кампови – ХИЛК Равна Река 2014 -2015г.

    Благодарници за подршка за реализирање на ХИЛК Равна Река 2014/2015 беа доделени на:

    Градоначалникот на „Општина Пехчево“ – Игор Поповски
    Директорот на „ЈП Македонски шуми“ – Ѓорѓи Каракашов
    „ДОО Андон Компани“  – Андреја Поповски
    Пекара А.Д. „Прогрес“ Пехчево – Крум Гогов
    Семејство Пандови
    Семејство Ингилизови
    Семејство Крамарски

    Инаку Организацијата  на ХИС Македонија, односно Христијански Извиднички Сојуз на Македонија, постои веќе четврта година, поделен е во три Одреди и тоа: Струмички (Лавови), Кавадаречки(Орли) и Скопски(Гофер), со вкупно 60 членови. За оваа година имаме за цел да формираме нов Одред во Неготино. Инаку сите градови кои се споменати се седишта на Одредите, но ги покриваат и околните градови и населени места. Во текот на годината, на секои три-четири недели се одржуваат редовни Извиднички часови , на кои извидниците преку теоретска и практична работа се здобиваат со знаења во делот на извиднички вештини како што се јазологија (врзување на јазли), комуникација со знаменца, ориентација во природата, морзеова азбука, понатаму во делот на подигнување шатори, планинарење, изработка на фаќели, изработка на засолништа во зимски услови и многу други. На располагање сме за извршување на различни еколошки акции, проекти за да ги стимулираме и поттикнеме лугето на поголема еколошка свест.

    Христијанското извидништво е вид на неформално образование – воспитување, кое што се стреми кон хармоничен развој на духовните, физичките и интелектуалните способности. Како Христијани, ние веруваме дека сите овие области се од суштинско значење за здрав развој на личноста, а со тоа и здраво општество. Природата е најдобриот амбиент за спроведување на оваа воспитно – образовна програма. Првите луѓе живееле во природа и со природата. Ги познавале нејзините законитости, таа на многу начини ги обликувала и уредувала нивните односи како на социјално така и на еколошко ниво. Со појавата на цивилизацијата, поготово во модерно време, време на архитектура, електроника и масовните медиуми, човекот се повеќе се отуѓува од својата првобитна средина. Децата растат во виртуелен свет. Наместо да го поминуваат своето слободно време во природа, тие го поминуваат пред својот компјутер со 3Д наочари. Со отуѓеноста од природата, човекот ја изгуби смисла на потребата за Бог, ја загуби свеста на природните закони, и со најмногу во ерата на комуникација, ја загуби вештина за директна комуникација со другите луѓе. Затоа нашиот програм го спроведуваме секогаш кога е можно надвор од градот, во природна средина каде што се буди чувство на почит кон природата и Создателот. Каде без современите алатки за комуникација учиме директна комуникација, на начин на кој таа од секогаш постоела.

     

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...