4.3 C
Pehčevo

    Апел за помош на настраданите од поплавите во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип

    Датум:

    Сите заинтересирани граѓани на општина Пехчево помошта можат да ја предадат во центарот на Пехчево, каде со помош на волонтери од Црвен крст - Пехчево, пред Домот на културата „Јане Сандански“ од 12 часот до 15 часот ќе биде поставен штанд.

    Црвен крст на Република Македонија согледувајќи ја состојбата во поплавените подрачја соопшти дека во овој момент се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количини на вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Карбинци и Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење.
    Согласно направената проценка, во моментот има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за дезинфекција).
    Сите заинтересирани граѓани на општина Пехчево помошта можат да ја предадат во центарот на Пехчево, каде со помош на волонтери од Црвен крст – Пехчево, пред Домот на културата „Јане Сандански“ од 12 часот до 15 часот ќе биде поставен штанд.
    Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
    – Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
    – Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
    Хуманитарната акција започнува од утре ќи трае два дена односно до 05.02.2015 година.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...