1.6 C
Pehčevo

    Александар Китански утре официјално ќе ја преземе функцијата градоначалник на Општина Пехчево

    Датум:

    Новоизбраниот градоначалник на Општина Пехчево, Александар Китански утре официјално ќе ја преземе функцијата.

    Според најавите од Општинската Изборна Комисија, Китански утре во 10 часот ќе го добие уверението.

    По примањето на уверението од страна на Општинската Изборна Комисија, Китански ќе има средба со досегашниот градоначалник Драган Тренчовски, по што и ќе ја преземе функцијата прв човек на општината.

    Китански најави дека првите чекори како градоначалник ќе му бидат насочени кон подобрување на квалитетот на живот во општината и реализацијата на проектите од неговата Програма со која ја доби довербата на граѓаните.

    Инаку, Александар Китански како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во вториот круг на локални избори што се одржаа на 31 октомври 2021 година ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води Општина Пехчево во наредните четири години.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...