-2.3 C
Pehčevo

    АФПЗР на Општина Пехчево и додели 220 илјади евра за реализација на три проекти

    Датум:

    Градоначалник ПехчевоГрадоначалникот на општина Пехчево, вчера, потпиша договор со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој на РМ за реализација на 3 проекти во наредната година, со вкупна вредност од 13,496,245 милиони денари или околу 220.000 евра.

    Со средства од програмата за развој на руралните средини, во општина Пехчево ќе се гради улица во селата Црник, ќе се гради и локалниот пат до археолошкиот локалитет Св. Петка, а ќе се реконструира и фекалната канализација во село Умлена.

    -Општина Пехчево благодарение на добро изработените проекти на последниот конкурс на Агенцијата за финансиска подршка, конкурираше со повеќе проекти кои се во интерес на жителите на нашата општина. Благодарение на нашата агилност, упорност и соработка, одобрени ни се средства за три проекти. Со гордост можам да истакнам дека локалната самоуправа полека ги решава сите барања и потреби на жителите од нашата општина, истакна градоначалникот на Општина Пехчево, Игор Поповски.

    Градоначалникот Поповски ги потпиша договорите со Агенцијата за финансиска подршка на РМ, а веќе идната година овие проекти ќе се реализираат на територијата на општината, додека за реализација на овие проекти општината од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија доби 1,234,514 денари за Реконструкција на фекалната канализација во село Умлена, 4,171,219 денари за изградба на улица во село Црник и 8,090,512 денари за изградба на локалниот пат до археолошкиот локалитет Св.Петка што за нас како општина се средства кои се од големо значење за развојот.

    Можеби навидум овие проекти за некоја поголема општина се мали но за нас, општина Пехчево, се од огромно значење бидејќи решаваме повеќе крупни витални прашања на жителите од нашата општина која сакаме да биде современа, урбана по терк на сите граѓани за што како локална самоуправа изминатиов период постојано работиме. Со цел што поскоро да ја отпочнеме реализијацијата на овие капитални проекти, во скоро време општина Пехчево ќе ја отпочне постапката согласно законската регулатива во поглед на прибирање на потребната документација, се со цел веќе наредната пролет на терен да бидат реализирани сите наведени проекти.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...