5.2 C
Pehčevo

    ADRISKY

    Датум:

     Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY Општина Пехчево, предводена од градоначалникот Александар Китански, на 29 и 30 септември 2025 година е домаќин на третиот проектен состанок и состанок на Управниот одбор на проектот ADRISKY, кој се реализира во рамките на програмата Interreg IPA ADRION. Состанокот се одржува во хотел „Гогов“ во Пехчево и на едно место ги обединува проектните партнери од повеќе земји од регионот на Југоисточна Европа. Главна цел на проектот ADRISKY е зајакнување на капацитетите за управување со природните ризици во пограничните и руралните средини преку иновативни пристапи, размена на знаења и воспоставување регионални мрежи. Програмата на дводневниот настан опфаќа: поздравен говор на градоначалникот Китански и локално добредојде, преглед на постигнатите резултати од проектот, презентации и ажурирања на активностите од страна на проектните партнери, дискусија за комуникација и вклучување на засегнатите страни, состанок на Управниот одбор на проектот. Настанот завршува со организирана теренска посета – пешачка тура низ шумските патеки и водопадите во Пехчево, со цел гостите да се запознаат со природните убавини на регионот и да се истакне потенцијалот на локалната средина во рамките на проектните активности. Градоначалникот Китански истакна дека „домаќинството на ваков меѓународен настан е признание за Општина Пехчево и потврда за нашата посветеност во меѓународните партнерства. Преку ADRISKY го јакнеме регионалното соработништво и создавање услови за поголема безбедност, одржливост и развој на нашите заедници“. Проектот ADRISKY се имплементира во рамките на Interreg IPA ADRION програмата, финансирана од Европската Унија, а Општина Пехчево е активен партнер во спроведувањето.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската...

    Дневен ред за 38-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена за плански документ

    Врз основа на член 65, став (6) од Законот...

    Реконструкција на ул. „ИЛИНДЕНСКА“ со крак „ДАМЕ ГРУЕВ“ и „МИРЧЕ АЦЕВ“ во Пехчево

    Министерството за транспорт и врски ја заврши постапката за...