-0.7 C
Pehčevo

    14-та седница на советот на општина Пехчево

    Датум:

                                Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 14-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 01.03.2023 година (среда). 14-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 13та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за исплата на средства од Буџетот на општина Пехчево за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија;

    3.      Предлог одлука за расходување на движни ствари (застарена и неупотреблива компјутерска опрема) од ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево;

    4.      Предлог одлука за расходување на движни ствари – парен котел на дрва од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево;

    5.      Предлог програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на општина Пехчево и работа на КЕМ за 2023 година;

    6.      Предлог одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево и износот на надоместокот на трошоците за престој, што паѓа на товар на родителите;

    7.      Одлука за усвојување на извештај за работа на Полициска канцеларија – Пехчево за 2022 година;

    8.      Предлог одлука за усвојување на деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2022 до 30.09.2022 година;

    9.      Предлог одлука за усвојување на дванаесетмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2022 до 31.12.2022 година;

    10.  Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2022 година;

    11.  Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – декември 2022 година;

    12.  Предлог одлука за давање согласност на Статут на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево – пречистен текст;

    13.  Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    14.  Предлог одлука за усвојување на Локален акциски план за инклузија на Ромите во Пехчево за период 2023-2027;

    15.  Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на OУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2022 година;

    16.  Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2022 година;

    17.  Предлог програма и план за контрола на популација на кучиња на територија на општина Пехчево за 2023 година;

    18.  Предлог програма за работа на советот на општина Пехчево за 2023 година;

    19.  Барања од граѓани;

    20.  Советнички прашања;

    21.  Тековни активности;

     

    ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА 14-ТАСЕДНИЦА

    НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    22. Предлог одлука за утврдување на приоритет за учество и користење на средства за реализација на проектот “Изградба на локални улици во село Чифлик, улица број 1 со крак 1“;

    23. Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – “Изградба на локални улици во село Чифлик, улица број 1 со крак 1”

    – Дополнувањето на дневниот ред е со дата 28.02.2023

     

    Претседател:

    Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...