-2.6 C
Pehčevo

    10 милиони денари од АФПЗР за реализација на три проекти во општина Пехчево

    Датум:

    opstina slika

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија на општина Пехчево во наредната година за реализација на три проекти и додели 10 милиони денари, со кои ќе се подобрува инфраструктурата во дел од населените места во општината.

    Со средства од програмата за развој на руралните средини, во општина Пехчево ќе се градат улици во селата Умлена, Чифлик и Негрево, во должина од 1 км, ќе се гради резервоар во село Панчарево и ќе се уредува паркот Езерце во градот.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски ги потпиша договорите со Агенцијата за финансиска подршка на РМ, а веќе идната година овие проекти ќе се реализираат на територијата на општината, додека за реализација на овие проекти општината од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија доби средства од 10 милиони денари или околу 160 илјади евра, што за нас како општина во развој, се средства кои се од големо значење за развојот.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски вели дека овие средства се многу значајни за малите општини како што е Пехчево, бидејќи со нив се реализираат проекти кои се од интерес на општината и од исклучително значење на граѓаните.

    – Добро е што владата и министерството за земјоделие имаат слух за нас како општини за да можеме да реализираме проекти кои се од огромно значење за населението. Секако овие проекти согласно законските постапки ќе ги ставиме во процедура, ќе распишеме постапки за јавна набавка и од пролет ќе започнеме со нивна реализација, а во меѓувреме ќе се подготвуваме за наредната година и за новиот повик на кој повторно ќе аплицираме со нови проекти значајни за населените места од нашата општина. Додека од Светска банка добивме позајмица за реализација на три проекти и тоа 3 улици во селата Робово и Панчарево, истакна градоначалникот Поповски.


     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...