2.8 C
Pehčevo

    ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП НА 30 ГОДИНИ, НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

    Датум:

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
    ОПШТИНА ПЕХЧЕВO
    О Б Ј А В А бр. 1/2025

    ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП НА 30 ГОДИНИ, НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА
    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
    за изградба на објекти со намена Е – инфраструктура, Е1.13 – површински соларни и

    фотоволтаични електрани (над 10 MW) во КО Негрево и КО Црник,

    Општина ПЕХЧЕВО

    ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

    Предмет на електронското јавно наддавање е Давање под Долготраен закуп на 30 години, на градежно
    неизградено земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, дефинирано со: Урбанистичкиот план за
    подрачја и градби од државно значење, за група на класа на намена Е – инфраструктура, Е-1.13 површински соларни и
    фотоволтаични електрани (над 10 MW) во КО Негрево и КО Црник, Општина Пехчево, одобрен со одлука бр. 41-
    2388/3 од 13.02.2024 година, претставено во табеларниот преглед, во кој се дадени податоци за градежните парцели,
    број на катастерските парцели опфатени со градежните парцели, намените, максимална висина на катност, вкупна
    површина на градежната парцела, процентот на изграденост, коефициентот на искористеност, максимална
    површина за градење, бруто развиена површина и банкарска гаранција за сериозност на понудата во изност од 10%
    од вкупната почетна цена на градежното земјиште.

    Објава за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, по пат на електронско јавно наддавање бр. 01/2025

    ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД ВО ПРИЛОГ:
    Табеларен преглед за Долготраен закуп со нумерички показатели на ниво на парцели во плански опфат на :

    Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење за група на класа на намена
    Е – инфраструктура, Е-1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани ( над 10 MW)

    во КО Негрево и КО Црник, Општина Пехчево

    ТАБЕЛА ЗА ЗАКУП НА ЗЕМЈИШТЕ НА РСМ, СО ЈАВНО НАДАВАЊЕ – Почетна цена 5 % од цена во Табела 1

    01/2025-1 ГП 1 Е1.13 7,210.0 2845/1 4,510.0 4,510.0 62,5 0,63 П 7,50 1,00 54,075.00 5,408.00
    01/2025-2 ГП 3 Е1.13 26,084.0 2845/1 20,867.0 20,867.0 80 0,80 П 7,50 1,00 195,630.00 19,563.00
    01/2025-3 ГП 4 Е1.13 32,633.0 274/1 и 26,106.0 26,106.0 80 0,80 П 7,50 1,00 244,747.50 24,475.00

    2845/1

    01/2025-4 ГП 5 Е1.13 109,108.0 274/1 и

    87,286.0 87,286.0 80 0,80 П 7,50 1,00 818,310.00 81,831.00

    2845/1

    01/2025-5 ГП 6 Е1.13 773,522.0 274/1 и

    618,818.0 618,818.0 80 0,80 П 7,50 1,00 5,801,415.00 580,142.00

    2845/1

    ПРАВО НА УЧЕСТВО

    Објава за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, по пат на електронско јавно наддавање бр. 01/2025

    Право на учество на јавното наддавање имаат:
    Сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со долготраен закуп
    на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон кои ги исполнуваат
    условите дадени во објавата, односно:
    1. Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската
    унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на
    реципроцитет можат да стекнат право на долготраен закуп на градежно земјиште на територијата на Р.С.Македонија.
    2. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од
    странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија, странски
    правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на
    држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на
    долготраен закуп на градежно земјиште на територијата на Р.С.Македонија.

    УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

    Заинтересираните домашни и странски, физички и правни лица, поднесуваат пријава за учество на јавното
    наддавање по електронски пат преку информацискиот систем поставен на интернет страната www.gradezno-
    zemjiste.mk , со пополнување на електронски образец кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од
    овластен издавач, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата
    пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази: (приложени во електронска
    форма во оригинал или фотокопии заверени на нотар и потпишан со дигитален потпис и полномошно на носителот
    на дигиталниот потпис заверено на нотар):
    1.Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за
    предметното земјиште на кое се однесува пријавата и која документација се доставува во прилог на пријавата (
    *истата треба да биде потпишана со дигитален потпис);
    2. Банкарска гаранција за сериозност на понуда во износ од 10% од вредноста на секоја градежна
    парцела посебно, која е утврдена во Табеларниот преглед од оваа објава, со рок на важност 12 месеци од денот на
    објавата на електронското јавно наддавање, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на
    најповолен понудувач ќе ја плати крајно постигнатата цена за закупнина на градежното земјиште на електронското
    јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор на најповолен понудувач:

    Објава за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, по пат на електронско јавно наддавање бр. 01/2025

    Подносителот на пријавата има обврска банкарската гаранција освен по електронски пат со пријавата, треба
    да ја достави и писмено преку Архивата на Општина Пехчево: „За Комисијата за спроведување на постапки за
    јавно наддавање на градежно земјиште за долготаен закуп” (во оргинал), во затворен коверт со назнака „не
    отварај“, во рокот определен за поднесување на пријавите заклучно со 19.12.2025 година.
    3. За физичко лице Сопственик на акции – Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци);
    4. За правните лица Проектна компанија, доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар –
    (не постара од 6 месеци);
    5. Уредно Полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството
    овластено одговорно лице на правното лице заверено на нотар.
    6. Е-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество
    на електронското јавно наддавање и која ќе служи за пристап на интернет страницата на која ќе се одвива
    електронското јавно наддавање за конкретната парцела. (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна
    е – mail адреса, Општина Пехчево ќе нема обврска да прима и врши корекција на истата) .
    7. Изјава со која подносителот ги прифаќа условите од објавата (потпишана со дигитален потпис).
    Комисијата по истекување на рокот за поднесување на пријавите, утврдува дали пријавите се комплетирани и
    поднесени во согласност со условите од објавата. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за
    комплетираност на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекувањето на рокот за поднесување на истите,
    при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им се одобрува учество на јавното
    наддавање за денот на кој е закажано каде ќе учествуваат преку профилот кој го имаат креирано со корисничко име и
    лозинка за учество на јавното наддавање.
    Пријавите кои не се комплетирани со овие докази, нема да учествуваат на електронското јавно
    наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.
    Подносителите на пријавите, задолжително треба да имаат електронски дигитален сертификат
    (електонски потпис), за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање и да учествуваат на
    истото.
    Доколку се учествува на електронското јавно наддавање на повеќе од една градежна парцела, се пополнува
    поединечна пријава за секоја градежна парцела, за што се доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на
    понудата за секоја градежна парцела посебно.

    ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

    Објава за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, по пат на електронско јавно наддавање бр. 01/2025

    1. Посебна Банкарска гаранција во висина од 1.000.000,- Евра, со рок на валидност од потпишување на
    договорите за закуп до завршување на проектот депонирана од Проектната компанија или Сопственикот на акциите
    кој поседува мин 25 % од капиталот на учесникот;
    2. Учесникот треба да достави доказ за поседување релевантно искуство во изградба и/или реализација на
    фотоволтаични проекти, како што следува:
    – Потпишани активни Договори за изградба и/или реализација на фотоволтаични проекти со инсталирани
    капацитети од мин. 200 MW, или со договорна вредност не помала од 50.000.000,- (педесет милиони) Евра;
    – Дозволено е користење на искуство и на друштво – акционер/содружник, кој поседува најмалку 25 % од
    капиталот на учесникот, во кој случај, учесникот треба да достави доказ за уделот (извод од трговски регистар) и
    изјава за ангажман од страна на друштвото – акционер/содружник, со која се потврдува дека ќе ги обезбеди
    потребните ресурси и експертиза за завршување на проектот;
    3. Изјава од понудувачот за Изградба на проектот во рок од 24 месеци од денот на добивањето на Одобрението
    за градење;
    4. Извод од банкарска сметка на Компанијата или Сопственикот на акциите, во износ од мин. 5.000.000,- Евра, за
    сериозност во реализацијата на проектот;
    5. Писмо за намера од овластена компанија или трговец со електрична енергија, за потпишување на договор за
    откуп и дистрибуција на производот од проектот.

    ПОЧЕТНА ЦЕНА

    Почетна цена на електронското јавно наддавање за долготраен закуп за градежните парцели наведени во
    Табеларниот преглед за намена Е1.13 – изнесува 7,50 денари.

    БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

    1. Висината на Банкарска гаранција за сериозност на понудата, за секоја градежна парцела посебно е утврдена
    во Табеларниот преглед од оваа објава.
    2. Доставената банкарска гаранција за сериозност на понудата на најповолниот понудувач ќе биде активирана
    ако најповолниот понудувач не ги уплати средствата во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото
    известување за избор и не достави до Комисијата доказ за извршената уплата на вкупната постигната цена на јавното
    надавање и нема да се пристапи кон склучување на договор, а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно
    наддавање за предметната градежна парцела;

    РОКОВИ

    Објава за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, по пат на електронско јавно наддавање бр. 01/2025

    Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 19.12.2025 година, електронски на
    следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk .
    Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk ;
    Јавното наддавање ќе започне на 22.12.2025 година и истото ќе се одвива по следниот редослед:
    За ГП. определени со ДУПД за група на класа на намена Е – инфраструктура, Е-1.13 површински соларни и
    фотоволтаични електрани ( над 10 MW) во КО Негрево и КО Црник, Општина Пехчево:
     Електронското наддавање за ГП бр.1 , ќе започне на 22.12.2025 год, во 09.00 часот и ќе трае 15 минути;
     Електронското наддавање за ГП бр.3 , ќе започне на 22.12.2025 год, во 09.20 часот и ќе трае 15 минути;
     Електронското наддавање за ГП бр.4 , ќе започне на 22.12.2025 год, во 09.40 часот и ќе трае 15 минути;
     Електронското наддавање за ГП бр.5 , ќе започне на 22.12.2025 год, во 10.00 часот и ќе трае 15 минути;
     Електронското наддавање за ГП бр.6 , ќе започне на 22.12.2025 год, во 10.20 часот и ќе трае 15 минути;

    ПОСТАПКА

    1. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок
    од 24 часа, од денот на поднесувањето на истите, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна
    документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
    2. На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со
    корисничкото име на пријавата за учеството на јавното наддавање.
    3. Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, кој ги
    исполнува условите од дадени во објавата за јавно надавање, за секоја градежна парцела посебно.
    4. Електронското јавно наддавање го следи Комисија, формирана од страна на Градоначалникот на Општина
    Пехчево.
    5. Електронското јавно наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен,
    а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
    6. Наддавањето се врши ,,чекорно’’ со зголемување на вредноста во секој ,,чекор’’, од мин. 10% од почетната цена
    заокружена на цел број, т.е. не помалку од 1,00 денар, за градежните парцели наведени во табелата.
    7. Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа
    објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок
    за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две

    Објава за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, по пат на електронско јавно наддавање бр. 01/2025минути, нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од
    две минути има нова понуда.
    8. Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
    9. Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведено јавно наддавање и
    електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
    10. По завршувањето на постапката за јавно надавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да
    достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Северна Македонија, по однос на нацрт –
    текст на Договорот за долготраен закуп на граджно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија.
    Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт –
    текстот на Договорот во рок од 30 дена од добивањето на барањето. Доколку во овој рок, Државното
    правобранителство на Република Северна Македонија не достави Мислење, истото ке се смета за позитивно.
    11. По прибавување на позитивно Мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија,
    Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен
    понудувач, со Решение за наплата на сумата согласно постигнатата крајна цена на надавањето.
    12. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена, од денот на известувањето за избор на најповолен
    понудувач, да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена на надавањето, како и за трошоци на
    постапката во висина од 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозност на понудата, но не повеќе од
    15.000,оо денари и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата.
    13. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата и не ја достави целокупната документација од
    учеството на јавното наддавање во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е дадено по долготраен
    закуп, нема да се пристапи кон склучување на договор за долготраен закуп, и ќе биде активирана банкарска гаранција
    за сериозност на понудата на најповолниот понудувач, а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно
    наддавање за предметната градежна парцела.
    14. Во рок од 5 (пет) работни дена по доставување на доказ за извршена уплата и доставување на целокупната
    документација потреба за учество на јавното наддавање, Градоначалникот на Општина Пехчево во име на Република
    Северна Македонија склучува Договор со најповолниот понудувач за долготраен закуп на градежно земјиште
    сопственост на Република Северна Македонија во електронска форма преку информацискиот систем.
    15. По склучување на Договорот, Општина Пехчево во рок од 3 (три) дена, електронски го доставува договорот до
    Одделението за финансиски прашања при Општина Пехчево за утврдување на данокот на промет на недвижноста.
    Купувачот е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на Решението за утврдување на данок на промет на
    недвижноста, да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата до Општина Пехчево.
    16. По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижноста, Купувачот во рок од 15
    дена договорот со документацијата електронски го доставува до Нотар за солемизација на истиот. Купувачот е
    должен Солемизацијата на договорот да ја изврши во рок од 30 (триесет) дена од доставувањето на договорот кај
    Нотар.

    Објава за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, по пат на електронско јавно наддавање бр. 01/2025

    17. Во случај на раскинување на договорот заради неисполнување на обврските од договорот од страна на
    купувачот, (неисполнување на обврските за склучување на договорот, неплаќање на данокот на промет, или
    недоставување на договорот на солемизација на Нотар, или незавршување на солемизацијата во утврдените
    пропишани рокови), 70% од вкупната сума од отуѓувањето не се враќаат на купувачот, а раскинување на договорите
    заради неисполнување на обврските во договорот од страна на купувачот се врши со еднострана изјава на волја на
    отуѓувачот.
    18. Со Договорот купувачот се обврзува да во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот, да
    обезбеди соодветно Одобрение за градба на предвидениот објект согласно урбанистички план по кој земјиштето е
    дадено под долготраен закуп, за градежните парцели над 5000 м2, и да го изгради објектот согласно урбанистичкиот
    план по кој е отуѓено земјиштето, во рок согласно посебните услови од оваа објава, и согласно категоризацијата за
    градба од Законот за градење.
    Доколку купувачот не обезбеди Одобрение за градење во определениот рок или објектот не се изгради во
    определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна за непочитување на
    роковите во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој
    изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање
    на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно
    постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна
    година од истекот на рокот.
    19. Неисполнување на обврските во однос на плаќањето на договорната казна односно по паѓање на купувачот,
    во задоцнување со исполнување на обврската три месеци последователно, претставува основ отуѓувачот по три
    последователни повици за извршување (плаќање) како доверител со изјава за неисполнување на обврските од
    договоротда побара потврда за извршност на договорот, односно да побара наплата на договорната казна што
    претставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 70 % од вкупната сума на отуѓувањето од
    договорот не му се враќаат на купувачот.
    20. Закупецот на градежното земјиште стекнато во постапка за долготраен закуп по пат на јавно наддавање, не
    смее истото да го пренесува на трети лица. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга
    за запишување на правата на недвижностите во Агенцијата за катастар на недвижности.
    Исклучок од ова е доколку закупецот на градежното земјиште е странско правно лице, градежното земјиште
    стекнато во постапка за долготраен закуп по пат на јавно наддавање може да го пренесе во закупот на домашно
    правно лице во кое странското правно лице мора да биде единствен сопственик на истото;
    21. Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по
    склучениот договор за долготраен закуп на градежното земјиште;
    Купувачот е должен во рок од 15 дена од добивањето на решението за утврдување на данок на промет на
    недвижности да го плати данокот на промет и да достави доказ за извршена уплата;
    22. Во постигнатата цена на долготраен закуп на градежното земјиште, не е вклучен надоместокот за уредување
    на градежното земјиште;

    Објава за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, по пат на електронско јавно наддавање бр. 01/2025

    23. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за
    катастар на недвижности паѓаат на товар на закупецот на градежното земјиште;
    Закупецот има обврска за плаќање на данок на промет и нотарски трошоци и во случај на раскинување на
    договорот по вина на купувачот;
    24. Висината на закупнината постигната со Јавното наддавање, закупецот е должен да ја плаќа на годишно ниво
    однапред, а начинот на плаќање ќе биде дефиниран со склучување на посебен договор за плаќање со Општина
    Пехчево.
    Непридржувањето на плаќањето на закупнината согласно склучениот договор за плаќање, во задоцнување со
    исполнување на обврската од три месеци последователно, ќе претставува основ за еднострано раскинување на
    договорот;
    25. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три)
    дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од
    5 (пет) работни дена од приемот на истиот;
    26. Против решението донесено од страна на Комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, учесниците
    имаат право да поднесат жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за
    одлучување во управната постапка и постапка од работен однос во втор степен;
    27. Банкарската гаранција за сериозноста на понудата за секоја градежна парцела поосебно, останува да важи до
    Солемизација на Договорот, или 12 месеци од денот на објавата на електронското јавно наддавање, т.е. до 17.11.2026
    година, а за сите останати до завршување на јавното наддавање;
    28. Градежното земјиште кое е сопственост на Република Северна Македноја и кое е предмет на објавата се до
    исполнување на обврските од договорот не може да биде дел од стечајна маса.
    *Оваа објава ќе биде објавена и на интернет страницата на Општина Пехчево, http://pehcevo.gov.mk/

    ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    Бр. 09-1191/1 Комисија за спроведување на постапки
    17.11.2025 година за јавно наддавање
    Пехчево Мишо Догазански – Претседател с.р.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026 НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО На 24.11.2025 и...

    Дневен ред за 3-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Локалниот младински совет од Пехчево оствари посета на Младиснкиот центар во Пробиштип и Младинскиот хаб во Штип

    Овој викенд претставници на Локалниот младински совет и Локалното...