11.5 C
Pehčevo

    „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом – Пехчево“ , за зголемување на енергетската ефикасност

    Датум:

    Општина Пехчево доби грант за зголемување на енергетската ефикасност на Здраствен дом “Иван Георгиев” – Пехчево
    Во согласност со Договорот за заем за финансирање на проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор помеѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, претставувана од Министерството за финансии и врз основа на одредбите од Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот секотр, Министерството за финансии и Општина Пехчево потпишаа Договор за грант за регулирање на меѓусебните права и обврки за финансирање и спроведување на проектот за „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом – Пехчево“ за зголемување на енергетската ефикасност.
    За финансирање на Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом – Пехчево“ , за зголемување на енергетската ефикасност, Министерствот за финансии ќе обезбеди финансиски средства од заемот на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, во износ од 10.812.398 МКД. Проектни активности кои ќе се реализираат со овој проект се: изведба на нова енергетско ефикасна фасада, замена на постоечките прозорци и врати, изолирање на подови, како и изолирање на покривот.
    Градежните работи ќе се реализираат во првата половина на 2024 година.
    smart

    smart

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    ADRISKY

     Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY Општина...

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската...

    Дневен ред за 38-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена за плански документ

    Врз основа на член 65, став (6) од Законот...