6.9 C
Pehčevo

    Cообраќајните правила и прописи за безбедно движење на патиштата

    Датум:

    На ден 27.09.2024 година ( петок ), ОВР Берово ПСОН – Берово во соработка со Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, организираа активност за учениците од IV и V одделение. Полициските службеници на учениците им ги презентираа сообраќајните правила и прописи за безбедно движење на патиштата, законските прописи каде и од колку години можат да управуваат велосипед, електричен тротинет, мотоцикл, како безбедно да ја поминат улицата со и без пешачки премин, како да се движат кога одат во колона, движење по тротоар и движење по улица без тротоар, како безбедно да слегуваат од возило, која врата е безбедна на возилото и како безбедно да патуваат во возило. Исто така на учениците од страна на полициските службеници им беа презентирани видеа од Сообраќајниот буквар, а беа запознаени и со опремата која ја има еден полициски службеник.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    ADRISKY

     Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY Општина...

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската...

    Дневен ред за 38-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена за плански документ

    Врз основа на член 65, став (6) од Законот...