Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски распредели комплети училишен прибор за учениците од прво одделение при ООУ ,, Ванчо Китанов ‘‘.
Станува збор за 27 комплети училишен прибор моливчиња, боички, тетратки, гумички и друг училишен прибор кои градоначалникот Поповски ги распредели на учениците од прво одделение во Пехчево и село Црник.
– Владата им обезбедува бесплатни комплети книги, на сите ученици па затоа се решивме да им купиме училишен прибор. Во зависност од потребите на децата таков е и приборот. На овој начин сакаме да им помогнеме во образованието и оваа наша активност е токму во таа насока и да израдуваме што повеќе дечиња бидејќи тие се нашето најголемо богатство, истакна градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.
Во рамките на оваа активност градоначалникот ќе им додели училишен прибор на учениците во прво одделение и во другите селски населби во текот на наредната недела.