-1.2 C
Pehčevo

    ПРОЕКТНА ПРОГРАМА, за Урбанистички проект вон опфат

    Датум:

    БР. 09-1303/1
    од 09.11.2023 година

    Пехчево

     

             Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија, подземен 10(20)кВ кабелски вод за поврзување на ФВЕ Енергоинвест Груп, КО Пехчево, Општина Пехчево согласно законот од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Пехчево, со Решение за формирана бр. 09-124/1 од 26.01.2023  година, а врз основа на член 62  став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

                                                     РЕШЕНИЕ

    Се одобрува  ПРОЕКТНА ПРОГРАМА, за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија, подземен 10(20)кВ кабелски вод за поврзување на ФВЕ Енергоинвест Груп, КО Пехчево, Општина Пехчево поднесена со барање број 11-1285/1 од 06.11.2023 година  , со тех. Бр. 146/23 од ноември 2023год.

     

                                                   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

    Барателот РЕСУРС ЛТДИ, дооел Кавадарци  до Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Пехчево,  поднесе барање за одобрување на  ПРОЕКТНА ПРОГРАМА

    Со барањето ја приложи следната документација и докази:

    1. Предлог проектна програма
    2. Услови за планирање на просторот

     

    Градоначалникот на Општина Пехчево по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот за одобрување од Комисијата за урбанизам  под бр. 11-1285/2 од 06.11.2023 година, констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

     

    УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

    Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

    Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

     

                                                                                    ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                   Александар Китански

    Download (PDF, 832KB)

    Download (PDF, 14.16MB)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026 НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО На 24.11.2025 и...

    Дневен ред за 3-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Локалниот младински совет од Пехчево оствари посета на Младиснкиот центар во Пробиштип и Младинскиот хаб во Штип

    Овој викенд претставници на Локалниот младински совет и Локалното...